Финансиска криза означува состојба во економијата кога некои финансиски институции или финансиски инструменти ненадејно губат голем дел од својата вредност. Во XIX и раниот XX век, голем број финансиски кризи биле поврзувани со банкарски паники. Други ситуации кои често се именуваат како финансиски кризи се: падовите на берзанските пазари и „пукањето“ на другите финансиски меури, валутната криза и должничките кризи.Charles P. Kindleberger and Robert Aliber (2005), Manias, Panics, and Crashes: A History of Financial Crises, 5th ed. Wiley, ISBN 0-471-46714-6.Luc Laeven and Fabian Valencia (2008), „Systemic banking crises: a new database“, International Monetary Fund Working Paper 08/224.

Дефиниција Под финансиска криза се подразбира комплексна состојба во економијата, кога финансиските институции или финансиските средства ненадејно губат голем дел од својата вредност. Ваквата состојба ја карактеризира поголема побарувачка за пари, отколку што е понудата на пари. Финансиските институции за краток временски период стануваат неликвидни, заради масовното повлекување на финансиски средства од банките. За банките останува ограничен избор во ваква ситуација: или да ги продаваат своите инвестиции за да го надоместат недостатокот од финансиски средства, или да прогласат банкрот.Alan Kirman, THE ECONOMIC CRISIS IS A CRISIS FOR ECONOMIC THEORY, Oxford University Press – Oxford, UK, стр. 11.

Видови финансиски кризи Финансиската криза настанува во оној момент кога финансискиот и комерцијалниот сектор се соочуваат со потешкотии за навремена отплата на обврските, зголемување на бројот на нефункционални кредити и исцрпување на поголемиот дел од капиталот во банкарскиот систем. Упростена дефиниција на финансиската криза е ситуација која се јавувва како последица на пропаѓањето на една или повеќе финансиски институции и се манифестира со значајна загуба на потенцијалниот национален доход поради неадекватната алокација на ресурсите.Laeven, L. and Valencia, F. (2008), „Systemic banking crises database: A New Database“, International Monetary Fund, Washington D.C.

Финансиската криза се јавува во повеќе видови, како: банкарска криза валутна криза должничка криза близначка криза

Банкарски кризи

Состојбата кога некоја банка доживува ненадејно и брзо повлекување на средствата на вложувачите се нарекува банкарско истекување. Поради тоа што банките позајмуваат најголем дел од готовината што ја добиваат во депозити, тешко е подоцна брзо да ги исплатат сите депозити, ако истите се барани од вложувачите ненадејно. Така, истекувањето може да доведе до банкрот на банката, предизвикувајќи голем број на вложувачи да ги изгубат своите заштеди. Вложувачите се заштитени од губење на заштедите само ако нивните заштеди се покриени со осигурување на депозитите. Состојбата кога банкарските истекувања се широко распространети се нарекува систематска банкарска криза или поедноставно банкарска паника. Состојбата пак кога не постојат големи финансиски истекувања, но во која банките не сакаат да позајмуваат пари поради тоа што се загрижени дека немаат доволно расположливи средства, честопати се нарекува кредитен теснец. На овој начин, банките стануваат забрзувачи на финансиската криза.Fratianni, M. and Marchionne, F. 2009. The Role of Banks in the Subprime Financial Crisis available on SSRN: http://papers.ssrn.com/sol3/papers.cfm?abstract_id=1383473

Истекувањата од „Банката на САД“ во 1931 година и истекувањата од „Нортерн Рок“ (Northern Rock) во 2007 година се примери за банкарски истекувања. Понекогаш, колапсот на „Беар Стернс“ (Bear Sterns) во 2008 година се нарекува банкарско истекување, и покрај тоа што „Беар Стернс“ беше инвестициона, а не комерцијална банка. Во 1980-тите, американската криза на штедилниците доведе до кредитен теснец, кој се смета за главен фактор во американската рецесија од 1990-1991 година.

Шпекулантски меури и падови Економистите велат дека финансиската актива (на пример: акциите) создава меур кога нејзината цена ја надминува сегашната вредност на идните приходи (какви што се каматите или дивидендите, кои се добиваат откако помине одреден период на поседување).Markus Brunnermeier (2008), 'Bubbles', in The New Palgrave Dictionary of Economics, 2nd ed. Ако поголем дел од учесниците на пазарот купуваат капитал првенствено со надеж подоцна да го продадат по повисоки цени, наместо да го купуваат истиот за да направат приход во моментот, ова би можело да биде доказ дека меурот постои. Ако постои меур, значи исто така дека постои и ризик за пад на цените на активата: учесниците на пазарот ќе продолжат да купуваат сè додека очекуваат други да прекупуваат од нив, и кога многумина одлучат да продаваат, ќе дојде до пад на цените. Сепак, во практиката е тешко да се каже дали всушност цената на активата е еднаква со нејзината основна вредност, така доста е тешко со сигурност да се детектираат меури. Некои економисти инсистираат дека никогаш или речиси никогаш не се појавуваат меури.Peter Garber (2001), Famous First Bubbles: The Fundamentals of Early Manias. MIT Press, ISBN 0-262-57153-6.

Доста познати примери за меури (или наводни меури) и опаѓања на цените на акциите и другите цени на активата се: холандската опседнатост со лалиња, падот на Вол Стрит од 1929 година, јапонскиот имотен меур од 1980-тите, пукањето на дот-ком меурот (dot-com меурот) во 2000-2001 година и дефлацискиот станбен меур во САД.

Меѓународни финансиски кризи

Кога една земја што одржува фиксен девизен курс е ненадејно присилена да ја девалвира својата валута поради шпекулативен напад, настанува криза која се нарекува криза на валути или криза на билансот на плаќање. Кога една земја не може да го исплати својот суверен долг, тоа се нарекува суверено неисплаќање. И покрај тоа што и девалвацијата и долгот би можеле да бидат волеви одлуки на владите, тие честопати се сметани за неволеви резултати од промената на инвеститорското чувство, што доведува до ненадејно запирање на капиталните приливи или ненадејно зголемување на капиталниот одлив.

Неколку валути кои беа дел од Европскиот механизам на девизен курс доживеаја кризи во 1992-1993 година и беа присилени да девалвираат или да се повлечат од механизмот. Друга рунда на валутна криза се случи во Азија од 1997 до 1998 година. Голем број латино-американски земји не можеа да го исплатат својот долг во раните 1980-ти години. Руската финансиска криза од 1998 година резултираше во девалвација на рубљата и не покриеност на руските владини обврзници.

Поголеми економски кризи Негативниот раст на БДП, кој трае два или повеќе квартали се нарекува рецесија. Рецесијата која трае подолго се нарекува депресија, додека периодот на бавен, но не и на безусловно негативен раст понекогаш се нарекува економска стагнација. Поради тоа што овие појави дејствуваат врз многу повеќе нешта отколку само врз финансискиот систем, тие обично не се сметаат за финансиски кризи сами по себе. Сепак, некои економисти сметаат дека повеќето од рецесиите се предизвикани, во најголем дел, од финансиски кризи. Еден добар пример е Големата депресија на која во многу земји ѝ претходеле банкарски истекувања и берзански падови.

Сепак, некои економисти сметаат дека финансиските кризи се предизвикани од рецесии, наместо обратно. Исто така, дури и доколку финансиската криза е почетниот шок кој ја предизвикува рецесијата, можеби други фактори се позначајни за нејзино продолжување. Така, Милтон Фридман и Ана Шварц (Anna Schwartz) заклучиле дека почетниот економски пад, кој е поврзан со падот на берзата од 1929 година и банкарските паники од 1930-тите, не би преминал во продолжена депресија, доколку не бил зајакнат од грешките во монетарната политика, направени од Федералните резерви.Milton Friedman and Anna Schwartz (1971), A Monetary History of the United States, 1867-1960. Princeton University Press, ISBN 0-691-00354-8. Дури и Бен Бернанке (Ben Bernanke) признал дека се согласува со нив.'1929 and all that', The Economist, Oct. 2, 2008.

Причини и последици од финансиските кризи Стратегиски комплементарности во финансиските пазари

Многупати е забележено дека секоја успешна инвестиција побарува од инвеститорот на финансискиот пазар да погоди каков чекор ќе преземат другите инвеститори. Џорџ Сорос ја нарече оваа потреба за погодување на намерите на другите „рефлексивност.“ Слично на ова, Џон Мејнард Кејнс го споредил финансискиот пазар со игра за избор на убавица, во која секој учесник се обидува да погоди кој модел според другите учесници е најубав.J. M. Keynes (1936), The General Theory of Employment, Interest and Money, Chapter 12. (New York: Harcourt Brace and Co.).

Понатаму, во многу случаи инвеститорите ги координираат своите избори. На пример, кога некој инвеститор очекува од другите да купат јапонски јени и со тоа да се зголеми цената на јенот, тој исто така ќе сака да купи јени. Слично, еден вложувач во Инди Мак Банк (IndyMac Bank) кој очекува другите вложувачи да ги повлечат своите средства и да дојде до банкрот на банката, исто така намерава да се повлече. Економистите со своите намери сакаат да имитираат стратегии на друга стратегиска комплементарност.J. Bulow, J. Geanakoplos, and P. Klemperer (1985), 'Multimarket oligopoly: strategic substitutes and strategic complements'. Journal of Political Economy 93, pp. 488-511.

Се смета дека доколку луѓето или компаниите имаат доволно силна намера да го прават она што сметаат дека другите ќе го прават, тогаш може да се исполнат сопствените пророштва.R. Cooper and A. John (1988), 'Coordinating coordination failures in Keynesian models.' Quarterly Journal of Economics 103 (3), pp. 441-63. See especially Propositions 1 and 3. На пример, ако инвеститорите очекуваат дека вредноста на јенот ќе се зголеми, тоа може да предизвика неговата вредност да се зголеми. Доколку пак вложувачите очекуваат некоја банка да банкротира, ова може да предизвика таа да банкротира.D. Diamond and P. Dybvig (1983), 'Bank runs, deposit insurance, and liquidity'. Journal of Political Economy 91 (3), pp. 401-19. Reprinted (2000) in Federal Reserve Bank of Minneapolis Quarterly Review 24 (1), pp. 14-23. Поради сево ова, понекогаш финансиските кризи се гледани како маѓепсан круг во кој инвеститорите отфрлаат некоја институција или актива само затоа што очекуваат и другите да го сторат истото.M. Obstfeld (1996), 'Models of currency crises with self-fulfilling features'. European Economic Review 40 (3-5), pp. 1037-47.

Зајакнување

Зајакнување означува позајмување на средства за да се финансираат инвестиции. Тоа честопати е посочувано како придонесувач за финансиска криза. Кога една финансиска институција (или индивидуалец) инвестира само сопствени пари, во најлош случај може да ги изгуби само своите пари. Но, кога таа врши позајмувања со цел да инвестира повеќе, можно е да заработи многу од таа инвестиција, но исто така може и да загуби повеќе од сè она што го има. Значи, зајакнувањето го зголемува потенцијалниот резултат од инвестицијата, но истовремено создава и ризик за банкрот. Поради тоа што банкротот е неуспех на една компанија да ги изврши ветените исплати кон други фирми, тој може да предизвика финансиски незгоди во повеќе фирми. (погледнете подолу кај 'Заразување').

Просечниот степен на зајакнување во економијата честопати се зголемува пред финансиска криза. На пример, позајмувањата направени со цел да се насочат кон берзанскиот пазар („маргинални купувања“) биле доста чести пред падот на Вол Стрит од 1929 година.

Несложување на активата и пасивата