мини|Три жени во логор, Кина, Анонимни, околу 1875 година Криминологија — општествено-научен пристап при науката за криминалот како поединечна и општествена појава. Областите на криминолошки истражувања ги вклучуваат степенот и формите на криминал како и причините за и последиците од неговата појава. Исто така, тие вклучуваат социјални и владини прописи и реакции кон криминалот. Криминологијата е интердисциплинарна област во бехавиористичките науки, со особен акцент на истражувањата на социолози и психолози, како и на правни ракописи. Значаен начин да се анализираат податоци во криминологијата е да се применат квантитативни методи. Во 1885 година, италијанскиот професор по право Рафаеле Гарофало го измислил терминот „криминологија“ (на итал. Criminologia). Во исто време и францускиот антрополог (види антропологија) Пол Топинард за првпат го употребил овој термин (criminologiе).^ Дефлем, Матју(2006) (Deflem, Mathieu). Социолошка теорија и криминолошко истражување: ставови од Европа и од САД. (Sociological Theory and Criminological Research: Views from Europe and the United States). Елзевиер. стр. 279ISBN 0-7623-1322-6.
Криминологијата е онаа гранка од општествената наука, која што се занимава со науката за криминалот против поединецот и против општеството.
Правци на мислење
Во раниот 18 век, криминологијата започна да постои како што општествените филозофи стануваа се позаинтересирани за криминалот и правните концепти. Со тек на времето, се развија неколку школи на мислата.
Кјара Бреур
Класичната школа која што се појави во средината на 18 век, беше основана врз утилитаријанската (види утилитаријанизам ) филозофија. Цезаре Бекарија, автор на делото „За злосторствата и казните“ ([On Crimes and punishment]|http://en.wikipedia.org/wiki/On_Crimes_and_Punishments) (1763-64), Џереми Бентам, пронаоѓач на паноптикумот, и други класични филозофи тврдат дека (1) луѓето имаат слобода да избираат како ќе постапуваат. (2) Одвратувањето се заснова врз идејата дека човекот е „хедонист“ кој бара задоволство и избегнува болка, и тоа дека „калкулатор наречен разум“ ги мери цената на и користа од последицата на секоја акција. Така, се игнорира можноста неразумните и несвесните возења да се сметаат за мотивациони фактори. (3) Казната (со соодветна строгост) може да ги одврати луѓето од криминал, дека цената (казната) ја надминува користа, и дека строгоста на казната треба да е пропорционална со криминалното дело.Бекарија, Чезаре(1764) (Beccaria, Cesare). Ричард Дејвис (преведувач издание За криминалните дела и казните, и други ракописи (On Crimes and Punishments, and Other Writings). Печат при Универзитетот Кембриџ стр. 64. ISBN 0-521-40203-4. Што побрзо и посигурно се казнува, поефикасно е одвратувањето криминално однесување. Класичната школа на мислата се појави во време кога се случи клучна реформа во пенологијата, со затворите кои се развиле како форма на казнување. Исто така, овој временски период донесе многу правни реформи, Француската револуција, и развојот на правниот систем во САД.
Џилондриа Томас
Позитивистичката школа (види позитивизам) претпоставува дека криминалното однесување е предизвикано од внатрешни и надворешни фактори кои се надвор од контролата на поединецот. Научниот метод беше воведен и применет за да се проучува човековото однесување. Позитивизмот може да се раздели на три сегмента кои вклучуваат биолошки, психолошки и општествен позитивизам.
Цезаре Ломброзо, италијански затворски доктор којшто работел во доцниот 19 век и којшто понекогаш се сметал за „татко на криминологијата“, се вбројува во редот на оние кои најмногу придонеле за биолошкиот позитивизам и е основач на Италијанската криминолошка школа.Сигл, Лери Џ. (2003) (Siegel, Larry J.). Криминологија, 8-мо издание, (Criminology) Томсон – Вадсворт стр. 7. Ломброзо присвоил специфичен пристап, и настојувал за емпириски докази (види емпиризам) при проучувањето криминал.Ленан (McLennan),Грегор (Gregor), Џени Посон (Jennie Pawson), Мајк Фицџералд (1980) (Mike Fitzgerald). Криминал и општество : историски и теориски белешки. (Crime and Society: Readings in History and Theory.) Рутлеџ. стр. 311. ISBN 0-415-02755-1. Како основач на криминолошката антропологија, предложил дека физиолошките црти како мерка за нечии јаболчни коски или линија на коса, или разделена палатална коска, потсетуваат на неандарталецот, се индикативни на „атавистичките“ (првобитни) криминални тенденции. Овој пристап, под влијание на раната теорија на френологија и под влијание на Чарлс Дарвин и неговата теорија на еволуција, беше напуштен. Енрико Фери, ученик на Ломброзо, верувал дека општествените како и биолошките фактори играле улога, и имал став дека криминалците не траба да се сметаат за одговорни кога факторите кои го предизвикуваат нивниот криминалитет се надвор од нивна контрола. Од тогаш криминолозите ги отфрлуваат биолошките теории на Ломброзо, со контролни групи кои не биле употребувани при неговите истражувања.5. ^ Сигл, Лери Џ. (2003) (Siegel, Larry J.). Криминологија, 8-мо издание, (Criminology) Томсон – Вадсворт стр. 139.
Во Франција, соперник на Ломборозовата италијанска школа, била школата на мислата на Александре Лакасањ, со седиште во Лион и особено активна во периодот од 1885-1914 година.Ренвил, Марк (Renneville, Marc). Изгубената криминологија на Александре Лакасањ (1843-1924) (La criminologie perdue d’Alexandre Lacassagne) , Criminocorpus, центар Алесандр Ковре CRHST, UMR n°8560 на Националниот совет за научни истражувања (НСНИ) (CNRS), 2005 (француски) Школата на Лакасањ ја отфрла Ломброзовата теорија на „криминален тип“ и онаа на „родени криминалци“, и го потенцирала значењето на општествените фактори. Сепак, спротивно на криминолошките тенденции под влијание на општествениот детерминизам на Диркем, не ги отфрла биолошките фактори. Навистина, Лакасањ создал оригинал синтеза на обете тенденции, под влијание на позитивизмот, френологијата и чистотништвото, коишто наведуваат директно влијание на општествената околина врз мозокот, и ја споредуваат самата околина со мозок, поддржувајќи ограницистичка позиција. Покрај тоа, Лакасањ го критикувал недостатокот од ефикасност на затворот, инсистирал на општествена одговорност спрема криминалот и на политички волунтаризам како решение за криминалот, и на тој начин се залагал за построги казни оние криминалци за кои се мисли дека се непоправливи („рецидивисти“- повтореници) на пример, со поддржување на законот за казнени колонии од 1895 година, или спротивставувајќи се на укинувањето смртна казна во 1906 година.
[Ханс Ејзенк|http://en.wikipedia.org/wiki/Hans_Eysenck] (1964, 1977), Британски психолог, тврдел дека психолошките фактори како екстровертност и невротизам ја прават личноста посклона кон извршување криминални дела. Исто така, тој вклучува една димензија на психотицизмот (види психотицизам) којашто, пак, вклучува одлики слични со психопатскиот профил, измислен од страна на Харви М. Клеки и доразвиен од Роберт Хеир. Тој го базирал својот модел и врз раната родителска социјализација на детето; неговиот пристап ги надминува разликите меѓу пристапите засновани врз биолошките објаснувања и врз учењето од околината и општеството,(погледнете на пример, општествени психолози [Б.Ф. Скинер|http://en.wikipedia.org/wiki/B.F_Skinner] (1938 г.), [Алберт Бандура|http://en.wikipedia.org/wiki/Albert_Bandura](1973 г.), темата за „природа vs. грижа/поддршка“).
Социолошкиот позитивизам прифаќа дека општествените фактори како сиромаштијата, членувањето во субкултури, или ниските нивоа на образование може да влијаат врз луѓето да извршуваат криминални дела. [Адолф Кветлет|http://en.wikipedia.org/wiki/Adolphe_Quetelet] ги искористил податоците и статистичката анализа да се стекне со увид во врската меѓу криминалот и социолошките фактори. Тој открил дека возраста, полот, образованието и конзумирањето алкохол се значајни фактори поврзани со криминалот.Беирн, Пирс (Beirne, Piers) (Март 1987). „Адолф Кветлет и зачетоците на позитивистичката криминологија“ ("Adolphe Quetelet and the Origins of Positivist Criminology"). Американски весник на социологија 92(5): (Аmerican Journal of Sociology) стр. 1140с–1169. Роусон В. Роусон ја искористил статистиката на криминалитет да предложи дека постои врска меѓу густината на населението и стапките на криминалитет, со создавањето околина потенцијална за криминал.Хејворд, Кит Џ. (2004) (Hayward, Keith J.). Граници на градот : криминал, потрошувачка и урбано искуство (City Limits: Crime, Consumerism and the Urban Experience). Рутлеџ, стр. 89. ISBN 1-904385-03-6.[Џозеф Флечер|http://en.wikipedia.org/wiki/Joseph_Fletcher] и [Џон Глајд|], исто така, доставиле документи за нивните студии за криминалитет и неговата распределеност до [Статистичкото општество на Лондон|http://en.wikipedia.org/wiki/Statistical_Society_of_London].Гарланд, Дејвид (2002) (Garland, David). „За криминалот и криминалците ("Of Crimes and Criminals") во Магир, Мајк, Род Морган, Роберт Рајнер. Прирачник за криминологија при Оксфорд, трето издание. Печаѕ при универзитетот Окфорд. стр. 21.[Хенри Мејхју|http://en.wikipedia.org/wiki/Henry_Mayhew] користел емпиристички методи и етнографски пристап за да ги адресира општествените прашања и сиромаштијата, и ги претставил неговите истражувања во неговото дело Лабуристички и сиромашен Лондон ([London Labouor and The London Poor|http://en.wikipedia.org/wiki/London_Labour_and_the_London_Poor]„Хенри Мејхју: Лабуристикиот Лондон и Сиромашниот Лондон“ "Henry Mayhew: London Labour and the London Poor". Центар за просторно интегрирана социјална наука http://www.csiss.org/classics/content/25 .. Диркем го сметал криминалот за неодминлив аспект на општеството, со нееднаква дистрибуција на богатство и со други разлики меѓу луѓето.
Школата во Чикаго
Школата во Чикаго се појавила во раниот 20 век, преку делото на [Роберт Езра Парк|http://en.wikipedia.org/wiki/Robert_Ezra_Park], [Ернест Бурџис|http://en.wikipedia.org/wiki/Ernest_Burgess], и други урбани социолози при [Универзитетот во Чикаго|http://en.wikipedia.org/wiki/University_of_Chicago]. Во 20-тите години, Парк и Бурџис идентификувале пет концентрични зони што често постојат како што градовите растат, вклучувајќи ја и „зоната во транзиција“ која што беше идентификувана како најпроменлива и најподложна на нереди. Во 40-те години, Хенри Мек Кеј и Клифорд Р.Шо се фокусирале на малолетните делинквенти, откривајќи дека тие се концетрираат во зоната во транзиција.
Социолозите при Школата во Чикаго усвоиле пристап на општествена екологија за проучувањето градови, и предлагаат дека урбаните соседства со високо ниво на сиромаштија често се соочува со неуспех во општествената структура и општествените установи како што се фамилијата и училиштата. Ова резултира во општествена дезорганизација, којашто ја намалува способноста на овие институции да го контролираат однесувањето и создава околина погодна за девијантно однесување.
Други истражувачи предложиле дополнителна општествено-психолошка врска. [ Едвин Сатерланд|http://en.wikipedia.org/wiki/Edwin_Sutherland] предложил дека луѓето го учат криминалното однесување од повозрасните, поискусните криминалци со кои се дружат.
Теории на криминал
Теоретските перспективи применети во криминологијата вклучуваат психоанализа, фукционализам, интеракционизам, марксизам, економетрија, системски теории, постмодернизам итн.
Теории поврзани со општествената структура
Општествена дезорганизација (соседства)