Туберкулоза (сушица или офтика) — заразна болест предизвикана од микобактеријата Mycobacterium tuberculosis откриена од Роберт Кох (1882) и во негова чест уште се нарекува Кохов бацил. Ако не се лекува годишно секој заболен со активна форма на болеста може да зарази 10-15 лица. Ова е болест на сиромашните, најчесто млади во продуктивниот период на животот. Покрај овој тип откриен е и bovin tip (говедски туберкулозен бацил). Болеста може да се развие непосредно после зараза во остар облик, меѓутоа почесто се развива подоцна после заразата како субакутно, хронично, долготрајно заболување. Од ТБЦ најчесто заболуваат белите дробови, лимфните жлезди, плеврата, а поретко менингите, коски и зглобови, бубрези, гениталиите кај жената, очи, грло, кожа или црева. Туберкулозата е заболување кое претставува предизвик. Понекогаш обидот за поставување на дијагнозата наликува разрешување на детективска приказна. Но ако успее да се открие можеме да бидеме сигурни дека ќе има среќен крај. Ако пациентот има било кој од следните знаци треба да се смета како сомнително болен од туберкулоза. Кашла подолго од три недели, кашла крв, има болка во градите подолго од три недели, има треска подолго од три недели, ноќно потење, треска и покачена телесна температура, губење на апетитот и слабеење, малаксаност. Сите овие симптоми можат да се должат и на други болести но треба да се тестира спутумот. Испитувањето на спутумот е посигурно од ренгенска снимка. Дали инфекцијата ќе се развие во болест зависи од големината на инфективната доза, одбранбената способност на инфицираните лица (одбрана на домаќинот). Постојат докази дека гладувањето и потхранетоста ја намалуваат отпорноста кон болеста, исто така и пушењето и консумирање на алкохол во големи количини. Превенцијата е со давање на BSG вакцина и намалување на сиромаштијата и подобрување на исхраната. Лекувањето е долготрајно и треба голема стрпливост. Тоа трае 6-8 месеци со давање на туберкулостатици и хируршко лекување кај оние кај кои туберкулостативите не делуваат.
Се смета дека една третина од светското население е заразено со TB. Новоинфицирани се околу 1% од населението секоја година. Во 2016 година, имало повеќе од 10 милиони случаи на активна TB што резултирало со 1.3 милиони смртни случаи. Ова ја прави туберкулозата една од најголемата причина за смрт од инфективните болести. Повеќе од 95% од смртните случаи биле во земјите во развој, и повеќе од 50% од случаите биле во Индија, Кина, Индонезија, Пакистан и Филипините. Бројот на нови случаи од 2000 година се намалува секоја година.
Биолошки особености на туберкулозната бактерија
мини|Скенирачка електронска микрографија на M. tuberculosis Бактеријата на ТБЦ е изразито аеробна бактерија, која не може да живее, а посебно да се размножува без доволна количина на кислород. Се размножува главно во живиот организам на човекот и животните или во вештачки средини во кои се створени услови слични како оние кај човекот. Ако во ткивото не се наоѓа кислород и хемиски состојки потребни за живот брзо угинува. Бактериите на туберкулозата се размножуваат многу споро со пречна делба во време од 18-24 часа па и до неколку дена.
Извор на заразата
Најчест извор на зараза е исплувокот од болниот од туберкулоза. Процентот на заразени и степенот на заболени зависи од бројот и количината на бацилите во воздухот и како последно должината на изложеност (во домот постојано или привремено, надвор од домот). Иако опишаните случаи на остварена зараза се во многу краток временски интервал во допир со болниот, сепак е потребно значајно подолго време на изложеност за заразата да се оствари. За деца кои спиеле во иста соба со болен од туберкулоза на белите дробови, во чии спутум се наоѓале BK наоди на дирекна микроскопија се наведува дека можноста за заразата била 27,5%, ако во ноќта болниот кашлал помалку од 12 пати, а 48% ако кашлал повеќепати. Покрај белите дробови како извор на заразата можат да бидат и секрет од жлездена фистула или заболени коски и зглобови, посебно урина, утеро вагинален секрет, а исто така и млекото од крави заболени од туберкулоза на вимето.
Пат на инфекција мини|Симптоми на туберкулоза Заразата претежно се остварува преку органите за дишење, со вдишување на ситни капки заразени со туберкулозната бактерија – FLUGGEOVI капки, поретко преку прашина, преку органите за варење претежно преку танкото црево, а многу поретко преку останатите слузници (нос, око, усна шуплина, крајници, средно уво, вагина). Кога капките ќе стасаат во бронхиалното стебло, бактериите овде доаѓаат до бројни препреки (трепкаст епител, слуз, и фагоцити (внатреклеточно)) одат во подлабоките делови на бронхиалниот систем. Туберкулозните бактерии, носени од фагоцитите, продираат во мукоцилијарниот слој, до бронхиолите па дури и до самите алвеоли, во кои всушност се остварува заразата. Меѓутоа ако особата е во постојан контакт со извор на заразата, тогаш уште во плеалергиската фаза со секое вдишување внесува бројни бактерии, па иако овие се десеткуваат со повторно вдишување во алвеолите сепак ќе остане значаен број. Према тоа МАСИВНА ЗАРАЗА се остварува само во случаи кога изворот на заразата е стално присутен и тоа во непосреден допир што е случај со семејствата со туберкулозен болен и оскудни станбени услови. Фагоцитите како уништувачи на туберкулозната бактерија, непосредно се и разнесувачи на бактеријата со посредство на крвотокот (лимфотокот), прво во регионалните лимфни жлезди и слезината, а потоа и во поодалечените органи како горните делови на белите дробови, бубрезите, епифизата на коските, мозочната кора. Во текот на внатреклеточно патување на BK можат и да се множат сè до воспоставување алергиска реакција, а со ова и имунитет. Со настанувањето на имунитетот доаѓа и до позитивен одговор на заразата, па створените огништа на туберкулозен процес почнуваат и спонтано да се смалуваат, повлекуваат и лечат. Но и покрај опоравувањето од заразата, скоро никогаш не се постигнува потполно излекување, сепак понекаде во некои огништа остануваат смирени (заспани) бактерии. Засега сѐ уште не се во потполност објаснети причините на оваа состојба, како и зошто доаѓа до будење на бактериите и реактивација на процесот во период од неколку недели.
Епидемиологија
За појавата на туберкулозата во човечкото општество мора, како и кај секоја друга заразна болест, истовремено да постојат пет обавезни услови. Подолу наведените епидемиолошки услови симболички претставуваат пет кругови на еден затворен ланец. Овој ланец воедно ја изразува и суштината на првиот основен епидемиолошки закон, по кој произлегува дека со отстранување на било кој од наведените епидемиски услови ќе се постигне потполно искоренување на туберкулозата. Споменатиот закон претставува и најдобро теориско водство во праксата. Треба само да се применуваат директни и индиректни (радикални и палијативни противепидемски мерки кои имаат за цел ликвидација на епидемиските услови поединечно (прекинување на епидеммиолошкиот ланец или на сите заедно.
Извор на заразата Извор на заразата се туберкулозните бактерии. Порано извор на зараза биле и говедата, но денес болниот тип практично е искоренет. Кога како извор на зараза се во прашање заболени од туберкулоза, тогаш се јавуваат поголеми тешкотии за неговото отстранување, како што се : масовна раширеност, широка распространетост, разновидност (по локализација и облик на болеста), рецидивност, неизлечивост итн. Патот на ширењето на заразата Патот на ширењето на заразата со туберкулозни бактерии екраток или долг, особно директен или индиректен. Најзначајните особини се однесуваат на индиректниот пат на заразата и тоа на ширење на бактериите преку воздух (капокова инфекција) како и способноста на овие бактерии во воздухот кои можат слободно да патуваат. Влезна врата на заразата Влезна врата на заразата на туберкулозните бактерии најчесто претставуваат органите за дишење (белите дробови). Оваа влезна врата воопшто не може да се затвори нити успешно да се заштити. Освен тоа, инфекцијата во белите дробови многу лесно се шири во внатрешните патишта (обавезно преку лимфата, а често може и лимфохематогено и хематогено, поретко бронхгено во примарната фаза, односно најчесто бронхогено во постпримарната фаза). Вирулентност на ТБЦ бацилот Вирулентност на ТБЦ бацилот, за ова карактеристичен е епидемиолошкиот услов затоа што овие бактерии се апсолутно вируелни и патогени за човекот. Значајни особини за овој услов е и што се појавува и голема резистентност (отпорност) кон туберкулостатиците . Склоност на човечкиот организам Склоност на човечкиот организам кон заразата со туберкулозните бактерии е важна како епидемиолоши услов бидејќи човекот по природа е апсолутно осетлив на оваа врста на инфекции и што ако еднаш дојде до ваква инфекција не може никогаш потполно да ја елиминира, одбранбената способност кон оваа инфекција е релативна и многу променлива.
Туберкулинска реакција (Mantoux проба)и BSG вакцина
За рано откривање на TBC се користи туберкулинска реакција или (Mantoux проба). Се користи раствор од пречистен туберкулин во количество од 0,1мл. Кој содржи три туберкулински единици. Се аплицира строго интра кутано (подкожно) на левата подлактица од воларант (предната страна). Реакцијата се чита после 72 часа, а најдоцна до петтиот ден од апликацијата. При читањето се гледа индурацијата (тврдината), а не црвенилото. Реакцијата се смета за позитивна ако пречникот на индурацијата е 6мм или повеќе. Позитивниот тест значи дека постои имунитет против коховиот бацил и не се дава BSG вакцина. Додека пак негативната реакција значи дека лицето не било инфицирано со BK и на овие лица им се става BSG вакцина. Новороденчињата се вакцинираат 4-7 дена, а најдоцна до вториот месец од раѓањето без претходно тестирање. Кај сите други мора да се направи Mantioux проба. BSG вакцината е суспензија на живи бактерии од бовин тип. Се дава строго инракутано 0.1мл во левата надлактица во рамениот дел на проекцијата на делтоидниот мускул. Се вакцинираат само tuberculin негативните. Околу 3-4 недели од вакцината на местото на апликацијата се јавува инфилтрат во големина од зрно од лешник. Околу 6-тата недела од неа истекува заматена серозна течност. Околу 8-9 недела оваа улцерација преминува во круста (краста) што е доказ за BSG вакцината. Ако секрецијата е силна не треба да се ставаат масти туку само сува чиста газа. Како компликација од BSG вакцината е бесежит (кохов феномен) кој настанува ако туберкулинскиот тест не е правилно изведен или прочитан или ако е дадена преголема доза на вакцината или ињектирана во подлабоките делови на кожата. Се манифестира со оток на лимфните жлезди во аксилата и цедење на серозна течност богата со туберкулозни бактерии.Внатрешни болести со нега – Д-р. М.Пановска
Облици на белодробна туберкулоза
Примарна туберкулоза на белите дробови