{| align=right

Марија Антоанета Хабсбург-Лоренска (; ; 2 ноември 1755 во Виена - гилотирана на 16 октомври 1793 во Париз) - австриска принцеза и кралица на Франција и Навара. Била петнаесеттото и претпоследно дете на Франц I, Свет римски цар и на Марија Тереза Австриска. Нејзини браќа се Светите римски цареви Јосеф II и Леополд II.

На 14 годишна возраст, на денот на нејзината свадба со Луј XVI, престолонаследник на Франција и таа ја добила истата титула. По смртта на кралот Луј XV, во мај 1774, нејзиниот маж Луј XVI го наследил францускиот престол како а Марија Антоанета ја добила титулата Кралица на Франција и Навара. По седум години брак, на свет донела девојче, Марија-Тереза Шарлота, кое било првото од нивните четири деца.

За време на теророт и кулминацијата на Француската револуција, сопругот на Марија Антоанета бил симнат од престолот, а кралското семејство било заробено. Марија Антоанета била осудена за предавство и била погубена на гилотина на 16 октомври 1793, девет месеци по нејзиниот сопруг.

Познатата фраза „ако народот нема леб, нека јаде колачи“ често ѝ се препишува токму на Марија Антоанета. Сепак не постои цврст податок кој докажува дека токму таа ја кажала и истата денес се смета за новинарско клише.Lady Antonia Fraser, Marie Antoinette: The Journey, p.xviii, 160; É. Lever, Marie-Antoinette: The Last Queen of France, pp. 63-5; Susan S. Lanser, article 'Eating Cake: The (Ab)uses of Marie-Antoientte,' published in Marie-Antoinette: Writings on the Body of a Queen, (ed. Dena Goodman), pp. 273 - 290

Детство и младост Родена во дворецот Хофбург во Виена во 1755 г., Марија Антоанета била најмладата ќерка на Франц I и Марија Тереза, императори на Светото Римско Царство. Марија Антоанета била опишувана како „малa, но потполно здрава принцеза“. Во австрискиот кралски двор била позната како "Мадам Антоан".Fraser, Antonia, Marie Antoinette, The Journey, Anchor Books, (American edition, 2002): in Part One: Madame Antoine, p. 6. thumb|лево|180px| Марија Антоанета, 12 години, од Мартин ван Маитенс (1767 г.)

Таа особено ја сакала музиката и научила да свири на чембало и свирела пред многу луѓе и гости во дворот.

Здодевниот живот во дворецот бил надокнаден со „приватниот“ живот кој Хабсбурговците особено го негувале и кој се одвивал во одредени дворци (најчесто во дворецот Шенбрун) кои биле забранети за останатите од кралскиот двор. Во нивното „приватно“ катче, целата фамилија без никакви осуди од останатите дворјани можеле да носат буржоаска облека, децата си играле со обичните деца (оние кои немале сина крв), го стекнувале своето образование и се негувале градини и менажерија. Марија Антоанета подоцна се обидува истата таа навика да ја наметна и во францускиот кралски двор реновирајќи го дворецот Мал Тријанон во Франција, којшто го добила на подарок од Луј XVI.

Според многу извори, нејзиното детство било малку комплексно. Од една страна, нејзините родители донеле неколку промени во животот во кралскиот двор, кои ја прават Австрија еден од најнапредните кралски дворови во Европа. Иако одредени функции во кралскиот двор останале формални како што се налагало, кралот и кралицата направиле доста промени во кралскиот двор. Како на пример, дозвола за влез во дворот, релативно поопуштен стил на облекување и укинување на одредени дворски прoтоколи како што бил ритуалот каде дузина дворјани присуствуваат во кралските одаи за време на раѓањето на наследниците. Овој ритуал воопшто не ѝ се допаѓал на кралицата така што таа не дозволила дворјаните да присуствуваат во нејзините одаи додека се пораѓала.

За разлика од идиличниот „приватен“ живот кој го водела, нејзината планирана улога во политиката била доста мала, иако била со цел да го зајакне сојузништвото на Австрија и Франција преку бракот, што било и првичната цел на мајка ѝ. Марија Антоанета често била запоставувана од својата мајка, која имала уште деца за кои требала да се грижи и да договара бракови. Од таа причина, подоцна Марија Антоанета го опишува својот однос со мајка ѝ како однос исполнет со страхопочит. Кај неа се појавила и недоверба кон образованите постари жени поради блискиот однос на мајка ѝ со нејзината постара сестра, принцезата Марија Кристина, која е родена на ист ден како мајка ѝ, и била нејзиното миленичка. Недостигот на контрола кон децата се одразил и на нејзиното образование, за што нѝ говори и фактот дека таа на 15 годишна возраст одвај умеела да чита и да пишува на својот мајчин германски јазик.

Бракот со Луј XVI (1767 – 1770) thumb|десно| Марија Антоанета на чембало, од Франц Ксавер Вагеншон (1768 г.) Причините кои водат до нејзината веридба со престолонаследникот на Франција започнуваат во 1765 кога Франц I, светиот римски цар, починал од инфаркт во август истата година и ја оставил својата сопруга Марија Тереза да владее заедно со најстариот син и престолонаследник, царот Јосеф II. Во тоа време, за неколку од сестрите на Марија Антоанета веќе била договорена свршувачка или се воделе преговори за свршувачка (принцезата Марија Јосефина со кралот Фердинанд од Неапол, а Дон Фердинанд од Парма имал намера да се сврши со некоја од останатите принцези). Целта на овие бракови било да се зацврстат различните критични сојузништва во кои Марија Тереза влегла поради Седумгодишната војна во 1750-тите и ги вклучувало Парма, Неапол, Русија и најважно вечниот непријател на Австрија – Франција. Бракот меѓу младиот престолонаследник Луј и Марија Антоанета не би се склучил доколку овие две земји не биле приморани да влезат во сојуз поради Седумгодишната војна.

Во 1767 семејството заболело од мали сипаници. Антонина била една од неколкуте деца кои биле имуни бидејќи како помала веќе ја имала прележано. Жената на царот Јосеф II, Марија Јосефина, починала прва. Самиот Јозеф II се заразил но за малку ја избегнал смртта. Ќерката на Марија Тереза, Марија Јосефина ги фатила сипаниците од својата снаа (со исто име) и набргу потоа починала. Марија Елизабета, уште една постара сестра на Антонина, исто така се заразила и иако не умирела, нејзиниот надворешен изглед бил уништен и како таква не била добра понуда за брак. За да ја надомести загубата, Марија Тереза за бракот со кралот од Неапол ја дала една од останатите своите ќерки, Марија Каролина. А принцезата Марија Амалија, најстарата сестра која имала право да се мажи, се свршила со Дон Фердинанд од Парма.

Така останала само 12-годишната Антоанета да биде идната невеста на 14-годишниот престолонаследник на Франција, Луј Август, кој ѝ бил далечен роднина. По внимателната спогодба помеѓу владите на Франција и Австрија, бил договорен мираз од 200.000 круни и како што било обичај биле разменети портрети и прстени. Антонина била омажена преку застапник на 19 април во црквата Свети Августин во Виена. Нејзиниот брат Фердинанд стоел на местото од младоженецот. И нејзиното име било официјално заменето во Марија Антоанета, престолонаследничка на Франција.

Официјално Марија Антоанета била предадена на французите на 7 мај 1770 на еден остров на реката Рајна во близина на Келн. Со целото примопредавање раководел Филип де Ноилес, кои подоцна станал и главен домаќин на домот на Луј XV од Франција. Една седмица подоцна таа го запознава и својот сопруг, Луј Август и кралските роднини (сестрите на Луј XV, познати како Мадамиво оригинал „Mesdames Tantes“). Пред да стигнат во Версај, таа го запознала и своите девери Луј Станислас Ксавие и Шарл Филип, кои ќе имаат важна улога во нејзиниот живот и по нејзината смрт. Потоа ја запознала и останатата фамилија, вклучувајќи ја и најмаладата сестра на својот свршеник, Мадам Елизабет, која ќе ѝ остане најблиската и најлојалната пријателка до крајот на животот.

Целата церемонија околу венчавката се случила на 16 мај 1770 во дворецот Версај, по која следела првата брачна ноќ. Според обичаите обврските кон бракот започнувале со првата брачна ноќ. Но бидејќи ова не се случило, цели седум години репутацијата на престолонаследникот и престолонаследничката на Франција биле доведени до прашање.

Првичните реакции за бракот помеѓу Марија Антоанета и Луј Август биле несомнено различни. Од една страна, Марија Антоанета била особено популарна помеѓу народот. Кралскиот двор го сметал за особен успех нејзиното прво официјално појавување во Париз на 8 јуни 1773 на кое присуствувале преку 50 илјади луѓе, кои биле дојдени само за ја да видат идната кралица. Нејзината убавина и карактер лесно ги шармирале луѓето. Била висока, со светла кожа, светла коса и темносини очи. Нејзиниот единствен недостаток бил повлечената вилицата нанапред што било наследно кај Хабсбурговците. По посетата на Операта петнаесет минути се аплаудирало и публиката скандирала „Господ да ја чува престолонаследничката“. Особено била почитувана поради нејзините хумани дела.Еднаш кога присуствувала на изрекување на смртна казна, лично се погрижила фамилијата да добие одредена сума како надомест за загубата а во друг случај, посвоила сираче.

thumb|left| Марија Антоанета, на 13-годишна возраст. Овој мал портрет му бил испратен на престолонаследникот за да може да ја види својата невеста пред да ја запознае, од Жозеф Дикре (1769)

Во францускиот двор овој брак не бил многу прифатен од страна на старешините, токму поради долгогодишната тензија помеѓу Австрија и Франиција. Многумина пак од дворот, од друга страна, биле активни во промовирање на бракот помеѓу престолонаследниците и разните саксонски принцези. Мадамите пак зад грб ја нарекувале "l'Autrichienne" („Австријката“). Многумина ја обвинувале дека сака од кралот да направи австриски слуга и да ги уништи долгите традиции (како на пр. назначувањето на луѓе на одредени позиции според познанството, а не според аристократската титула) или пак за тоа дека често правела шеги за влијанието на постарите жени во кралскиот двор. Со многу фамилии од кралскиот двор имала доста деликатен оснос.

Меѓусебниот однос на Марија Антоанета со Мадам де Бари требал да се подобри, бидејќи Мадам де Бари му била љубовница на Луј XV и како таква имала соодветно политичко влијание врз кралот. Таа дури влијаела и да се симне од власт војводата од Шосел, кој помагал во преговорите за франсуско-австрискиот сојуз, како и при преговорите за самиот брак на Марија Антоанета. Медамите не ја сакале Мадам де Бари и со малку манипулација успеале да ја убедат престолонаследничката да не ја прифати и признае љубовницата што многумина го сметале за политичка грешка на Марија Антоанета. По неколку месечен притисок од страна на нејзината мајка и од страна на австрискиот министер, Марија Антоанета се сложила да ѝ прозбори на Мадам де Бари, на новогодишната вечер во 1772. Иако целиот разговор бил сведена на баналниот коментар на Марија Антоанета дека „денес има многу гости во Версај“, Мадам де Бари била задоволна и кризата била надмината. Подоцна Марија Антоанета станала покултурна кон Мадам де Бари на задоволство на Луј XV.

Од самиот почеток, престолонаследничката постојано се допишувала со својата мајка која тајно добивала информации за однесувањето на ќерката. Во своите први писма Марија Антоанета пишувала дека ѝ недостига драгиот дом во Австрија. Иако писмата биле трогателни, подоцна Марија Антоанета изјавила дека таа повеќе се плашела од својата мајка отколку што ја сакала. Антоанета била постојано критикувана од мајка си дека е неспособна „да ја разбуди страста“ кај својот сопруг, кој ретко спиел со неа, интересирајќи се повеќе за лов. Мајка ѝ одела до таа крајност што директно ѝ кажала на Марија Антоанета, дека повеќе не е убава и дека ја изгубила сета грандиозност што ја поседувала.

200px|right|thumb| Луј Август како престолонаследник на Франција, од Луј, Михаел ван Лу (1769 г.)