Цетиње — град и историската престолнина на Црна Гора. Според пописот во 2003 во Цетиње живеат 15.137 жители.

Историја мини|лево|Цетињски манастир Рождество на Пресвета Богородица Настанокот на денешно Цетиње е поврзано со владетелот на Зета, Иван Црноевиќ во 15 век. Имено, откако ја изгубил од Турците дотогашната престолнина Жабљак, Иван Црноевиќ се одлучил да го премести своето седиште во понепристапните краеви, во поле во подножјето на планината Ловќен. Тука, тој изградил дворец, а потоа и манастирот Света Богородица, во кој подоцна го преместил седиштето на Зетската митрополија.

Личности Личности родени во Цетиње:

Љубица Баровиќ - Манојловиќ ( 1921-) — учесник во НОВ на Македонија, носител на Партизанска споменица од 1941 Босилка Ѓурашковиќ (1921-) — учесник во НОВ на Македонија

Категорија:Градови во Црна Гора

Категорија:Поранешни престолнини Категорија:Градови-херои на СФРЈ