Ма̀врово (, Маврохори, до 1928 Μαύροβο, Маврово)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Μαυροχώρι — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 25 километри северно од градот Костур на брегот од Костурското Езеро во историско-географската област Корешта. Селото се наоѓа на надморска височина од 618 метри.
Историја
Во XV век во Маврово биле евидентирани 178 глави на домаќинстваГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989. Во османлиските даночни регистри од средината на XV век Маврово е споменато со 108 глави на семејства и 10 неженети:
Маврово, средината на XV век Број Име Белешка 1. Папа Кирјак 2. Дуко 3. Павло 4. Стамат 5. Паско 6. Михо 7. Срдан 8. Васо 9. Стане 10. Никола 11. Нико 12. Богдан 13. Михо 14. Јано 15. Михал 16. Јано 17. Тодор 18. Димо 19. Јанос 20. Михал 21. Михо 22. Мано 23. Михо 24. Петро 25. Рајко 26. Џурко 27. Томо 28. Јано 29. Георги 30. Васил 31. Никола 32. Торник 33. Тодор 34. Стајко 35. Петру 36. Стамат 37. Јано 38. Васо 39. Никола 40. Јован 41. Драгиња 42. Станислав 43. Стајко 44. Ѓурко 45. Михо 46. Јано 47. Никола 48. Тодор 49. Димитри 50. Стајко 51. Мелко 52. Гин 53. Станиша 54. Нико 55. Димос 56. Куман 57. Пројо 58. Димо 59. Јано 60. Стајо 61. Новак 62. Јорко 63. Стојко 64. Којо 65. Стамат 66. Бардо 67. Никола 68. Васо 69. Мелко 70. Мавро 71. Јано 72. Филип 73. Димо 74. Стојан 75. Мано 76. Јорги 77. Краислав 78. Кортуш 79. Дујо 80. Милчо 81. Јорко 82. Добри 83. Димо 84. Јорко 85. Димо 86. Глигур 87. Добри 88. Јано 89. Павел 90. Папа Јано 91. Васо 92. Рајко 93. Мартин 94. Владо 95. Никола 96. Стајко 97. Васо 98. Тодор 99. Алекса 100. Дабижив 101. Стојан 102. Тодор 103. Коста 104. Грубан 105. Падар 106. Мара вдовица 107. Кала вдовица 108. Ирина вдовица 109. Тодора вдовица 110. Тодора вдовица 111. Кала вдовица 112. Кала вдовица 113. Илина вдовица 114. Гира вдовица 115. Кала вдовица
Вкупниот приход за царството од селото изнесувал 6.980 акчиња.Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 89, 90.. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Маврово се состоело од 75 семејства со 250 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Во селото подолго време работела грчката пропаганда и го преобраќала населението. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Маврово имало 325 жители Македонци, 450 Турци и 230 „Грци“ (всушност погрчени Македонци)Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Маврово се води како мешано македонско-турско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 180 куќи.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 966 македонски патријаршисти и работело грчко училиштеBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 1200 Грци и 800 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 50 турски и 150 грчки семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7..
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 854 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1062 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Маврохори..
Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупаториМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.).
Селото не настрадало во текот на Грчката граѓанска војна.
Демографија
Во 1928 година селото броело 1065 жители., додека во 1940 година селото броело 1272 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 1177 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1244 жители, во 1971 година имало 1104 жители, во 1981 година имало 1372 жители, додека во 1991 година имало 1387 жители. Денеска, населението на селото е 1409 жители според пописот од 2001 година.
Родови Како македонски родови според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:
Кирјазовци (10 к.) доселени се од селото Крпени. Нивниот предок Кирјаз дошол како младо момче на почетокот од XIX век поради зулумите на Али-паша Јанински. Папа-Ставровци (7 к.) доселени се исто така од селото Крпени. И од иста причина како и родот Кирјазовци. Пардановци (2 к.) доселени се од селото Фотиништа. Основачот на родот се доселил во почетокот од XIX век, и од иста причина како и претходните родови.
Културни и природни знаменитости „Св. Димитриј“ од 1869 г. „Св. Варвара“ од 1901 г.
Личности десно|мини|Хрисос Бивулас Родени во Маврово Константинос Папаставрос Константинос Тараванис Леонидас Мавровитис (1873 - 1958) Спиро Ставрев (1895 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 633. Томас Раѕос Филипос Пецалинкос (р. 1950) Хрисос БивуласΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 86.
Наводи
Категорија:Костур (општина)