Бобишта (дијалектно: Бобишча; , Верга, до 1926 г. Μπόμπιστα, Бобиста или Μπόεμπιτσα, БоебистаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπόεμπιτσα -- Βέργα) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 20 километри источно од градот Костур и јужно од градот Лерин, во историско-географската област Пополе. Селото се наоѓа на надморска височина од 836 метри.
Историја
Во времето на Кримската војна, во реонот беснееле разбојничките чети на Али Зот и Коста Рели, кои го нападнале селото, но четите биле уништени по крајот на војнатаКаратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 38..
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бобишта се состоело од 60 семејства со 190 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Бобишта имало 684 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во селото биле опожарени 150 куќиЧекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 294. додека биле убиени Дине Качаров, Дине Џинар, Митко Јанков, Иван Сарков, Мите Христов, Кузман Митрев, Мите Ѕилија, Ване Џаклев, Тасе Димитров, Кузо Христо, Тана Љакова, Тана Стефова и Катерина Јаловчева. Од селото 33 души учествувале во востанието, а загинале Манол Розов, Андреј Сидов, Насе Орлов и Кузо РозовИлюстрация Илинден, бр.136, стр. 13.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 840 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто македонско со 50 семејства. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 125 македонски семејстваБистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бобишта се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 115 куќи.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 243 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 141 жител.
Во 1926 година, селото било преименувано во Верга.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и 50 жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа, додека десетина биле убиени. 33 деца од селото биле протерани како деца бегалци
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 155 жители., додека во 1940 година селото броело 198 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 131 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 157 жители, во 1971 година имало 142 жители, во 1981 година имало 159 жители, додека во 1991 година имало 147 жители. Денеска, населението на селото е 147 жители според пописот од 2001 година.
Родови Како македонски родови според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:
Ќичевци (2 к.), Петревци (1 к.), Рибовци (3 к.), Чоканевци (2 к.), Фотовци (2 к.), Кара-Костовци (2 к.), Мичовци (1 к.) и Љузовци (1 к.) сите порано чинеле еден род, и се староседелци. Шилиман (1 к.), Чулевци (1 к.), Тараљам (1 к.), Тутинци (1 к.), Розовци (3 к.), Папа-Николовци (1 к.), Дановци (3 к.), Горгановци (2 к.), Сарафовци (1 к.), Качаровци (2 к.), Илковци (1 к.), Парделовци (1 к.), Фаслевци (1 к.), Левендовци (1 к.), Љатовци (1 к.), Путловци (1 к.), Џимовци (1 к.) и Коковци (1 к.) и они порано чинеле еден род. Исто така староседелци се.
Личности Родени во Бобишта дясно|мини|Михаил Николов Андреj СидовНиколов, Борис J. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Во jводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 149. Атанас Митрев РозовКаратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 18. Атанас Михаjлов (1869 - 1933) Атанас П. Гирганов (1876 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 177. Благоj Орлов Блаже РибовElizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009 Георги Атанасов Тенекеџиев (15 март 1870 - ?)Каратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 34. Георги Попгорганов Димитар А. Розов (1866 - ?) Димитар КостадиновМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 363. Димитар Љапов (1870 - 1941) Димитар Шишков (1882 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 805. Златко КаратанасовМакедонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство „Фама“, София, 2006, стр. 45-47. Иван ДимитровМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 218. Илија ОрловМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 523. Иљо Ставров (? - 1948)Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009 Константин ХристовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 771. Константин ШахановКаратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 19. Крсто Тенекеџиев (? - 1913)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 700. Кузо Розов (? - 1903) Ламбо Стоjчев (1867 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 661. Манол Розов (1878 - 1903) Марко ПопкараатанасовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 577. Михаил АнастасовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 22. Михаил Николов (1874 - 1934) Димитар Чулев (? - 1948) Никола Бојаџиев Никола Калиманов (1882 - ?)Галчев, Илия. Българската просвета в Солунския вилает, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 2005, стр. 119.Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 332. Петар Г. Попов (1887 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 582. Петар НиколовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 510. Петар Орлов Симеон АпостоловМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 49. Стефан Николов Стефан Типов (Турунџев)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 704. Тодор КонстантиновМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 360. Трифон АтанасовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 72. Цвета Божова (1873 - ?) Јанаки Гелев Јанко Костов (? - 1944)
Починати во Бобишта Петар Гаjков (1872-1902) Кузо Погончев (1873-1902)
Иселеништво
Од Шилимани имало иселеници во Истанбул (три семејства). Од Розовци има иселеници во Ксанти (четири семејства). Од Кокоровци има иселеници во Констанца во Романија (четири семејства) и во Истанбул (две семејства).
Наводи
Категорија:Бобишта