Наум Пејов (Габреш, Костурско, 18 август 1919 - Скопје, 21 мај 2003) — македонски национален деец од Егејскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците во Грција. Тој бил член е на КПГ од пред војната. Еден од главните организатори и раководители на македонското националноослободително движење за време на Втората светска војна. Командант е на македонскиот партизански одред „Лазо Трповски“. Член е на Окружниот комитет на СНОФ за Костурско. Организирал и раководел со отпорот на Македонците против погрешната политика на КПГ спрема Македонците. Заменик командант на Првата егејска ударна бригада. По војната зазема разни високи политички и државни функции во СР Македонија.
Творештво Македонците и граѓанската војна во Грција (1968) Заговор против Македонија (1993)
Извори Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941-1943 година, Том VII, Книга 1, Скопје 1985. Македонска енциклопедија, Скопје, 2009, 1127 стр.
Категорија:Луѓе од Габреш (Костурско) Категорија:Починати во Скопје Категорија:Родени во 1919 година Категорија:Починати во 2003 година Категорија:Македонци во Грчката граѓанска војна Категорија:Македонски партизани