мини|десно== Поврзано ==|Видливост на ноќното небо од светлински загадена градска и светлински чиста селска средина. мини|десно|Улична светилка со рамна леќа која не ѝ дозволува на светлината да бега погоре од хоризонталата и со тоа да троши непотребна енергија и да го загадува небото Светлинско загадување — вид на загадување предизвикано од претерано или нападно вештачко осветлување, најчесто во градските средини. Меѓународното здружение за темно небо (International Dark-Sky Association, IDA) го дефинира светлинското загадување на следниот начин:
Какво било штетно на вештачкото осветлување вклучувајќи небесен сјај, блескање, намалена видливост навечер и изгубена енергија.Портал на IDA
Ваквото загадување, како и секој друг облик на загадување, предизвикува промени во екосистемот и штетно влијае на здравјето на луѓето, зашто го нарушува циклусот на ден и ноќ„Загадување со светлина“, VOA, 19.07.2012 и придонесува за несоницата.„Зад проблемот со несоницата се крие вештачката светлина“, „Панецеа“, 25.01.2019. Исто така ги пригушува ѕвездите на ноќното небо за жителите на градовите и им пречи на астрономските опсерватории.
Светлинското загадување може да се подели на два типа: здодевно светло, кое е како натрапник на инаку природниот или слабо осветлен предел, и прекумерно светло, најчесто внатре, што предизвикува нелагодност и штетни влијание по здравјето.
Во раните 1970-ти години создадено е глобално движење на луѓето кои се борат за да се намали количеството на ваквото загадување.
Светлинското загадување може да се измери на Бортловата скала во девет класи, изразено во гранична величина видлива за голото око (NELM).
Поврзано
Осветлување Поларизација (бранови) Светлински спектар Меѓународна комисија за осветлување
Наводи
Надворешни врски „Земјата е се' позагадена со вештачка светлина“ , A1on, 23.11.2017. Светлинско загадување — Кумановски астрономски клуб
Светлинско Категорија:Осветлување Категорија:Извори на светлина Категорија:Набљудувачка астрономија