thumb|290px|Квадратен метар од пластични цевки Квадратен метар (симбол: м2 или m²) — изведена SI-единица мерка за плоштина (површина). Тој е дефиниран како површина што ја опфаќа квадрат чија должина на страната изнесува еден метар. Оваа единица мерка е изведена од основната мерка за должина — метар, која пак е дефинирана како должина на патеката што светлината ја изминува во апсолутен вакуум за време од 1/299.792.458 секунди.

Еден метар квадратен е еднаков на: 0,000001 (10-6) квадратни километри 10.000 (104) квадратни сантиметри 0,0001 (10-4) хектари 0,01 (10-2) ари

Поврзано Кубен метар — степенувано во трета димензија

Наводи

Категорија:Единици за површина Категорија:Изведени SI-единици