Метафизика на моралот (гер. Die Metaphysik der Sitten, 1797) е важно дело на германскиот филозоф Имануел Кант во кое се обработува моралната и политичката филозофија. Во минатото ова дело не било така познато и читано како неговите дела „Основи на метафизиката на моралот“ и „Критика на практичниот разум“, но книгата доживеала преродба во делато „Закони на слободата“ (1963) од Мери Џ. Грегор.
Делото е поделено на два главни дела. Првиот, наречен „Учење за правото“ се заснова на републиканското толкување за потеклото на политичката заедница и граѓанското општество и воспоставувањето на позитивно право. „Учење за правото“ е последниот пример за класично републиканствоManfred Riedel Between Tradition and Revolution: The Hegelian Transformation of Political Philosophy, Cambridge 1984. Во овој дел ги наоѓаме најсозреаните тврдења и искази на авторот за мировната задача и правен систем за обезбедување на правата на поединецот.
Вториот дел, наречен „Учење за доблеста“ дава преглед на проблематиката на моралниот развој на човечкото битие.
Литература
The Metaphysics of Morals. Превед. Mary J. Gregor. Cambridge U. Press, 1996. ISBN 0-521-56673-8.
„Науката на правото“ делумен текст
Наводи
Категорија:Книги од Имануел Кант Категорија:Етика