Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ― државен универзитет, рангиран на второто место на списокот на државни универзитети во државата.Academic Ranking of World Universities (ARWU) - Macedonian HEIs Ranking 2013-2014 Како млада и енергична високообразовна институција која постојано ги следи интересите на младата популација, како и најновите светски економски, индустриски и технолошки трендови создаде извонредни можности за високо образование. Дипломите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се меѓународно признати и се сигурна потврда за влез на домашниот и меѓународен пазар на трудот. Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип интегрира 13 факултети, организирани во 3 универзитетски кампуси. Наставата се изведува во наставни центри кои се дисперзирани во 12 града во Македонија. 19.000 студенти веќе го препознаа Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како одлична можност за својот академски раст.
Историјат
мини|Зградата на ректоратот. Универзитетот „Гоце Делчев“ е основан од страна на Собранието на Република Македонија на 27 март 2007 г., кога се слави и патрониот празник на Универзитетот. Универзитетот „Гоце Делчев“ е сместен во 12 македонски градови: Штип, Струмица, Кочани, Радовиш, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Скопје и Берово. Првата конститутивна седница на Универзитетскиот сенат е одржана на 28.06.2007 г., во амфитеатарот на Педагошкиот факултет и Факултетот за рударство, геологија и политехника. Во присуство на државниот секретар за образование г. Перо Стојановски и дел од членовите на матичната комисија на Универзитетот „Гоце Делчев“, претставници од студентите, професори и асистенти, како и граѓани на град Штип, Универзитетскиот сенат донесе едногласна одлука за избор на ректор на универзитетот да биде проф. д-р Саша Митрев редовен професор на Земјоделскиот факултет. Во 2015 г. е наследен од проф. д-р. Блажо Боев од Факултетот за природно-технички науки.
Во првата студиска година се запишаа 1.300 студенти на 7 факултети и една висока школа и тоа: Правен факултет, Економски факултет, Педагошки факултет (денес преименуван во Факултет за образовни науки), Факултет за рударство геологија и политехника, Земјоделски факултет, Факултет за информатика, Факултет за музичка уметност и Висока здравствена школа. Од студиската година 2008/09 г., во состав на Универзитетот се и 6 (шест) нови факултети: Факултет за медицински науки, Филолошки факултет, Електротехнички факултет, Машински факултет, Технолошко-технички факултет и Факултет за туризам и бизнис логистика.
Организација и организациони единици
Универзитетот, согласно со Статутот (Универзитетски гласник 09/2009), е највисока автономна јавна високообразовна, научна, односно уметничка установа, што го обезбедува единството во вршењето и развојот на високото образование, науката, уметноста и стручноста, и непосредно преку своите единици од различни студиски подрачја пренесува сознанија од повеќе научни, односно уметнички подрачја и дисциплини. Во неговиот состав влегуваат јавни факултети, т.е. единици кои вршат високообразовна и научноистражувачка дејност во сите степени на високото образование.
Факултети
На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се организираат универзитетски стручни студии од прв, втор и трет циклус. Единици во состав на Универзитетот сеМатична страница страница на Универзитетот „Гоце Делчев“ - „Факултети“:
Факултет за образовни науки – декан проф. д-р Никола Смилков Факултет за природни и технички науки – декан проф. Зоран Панов Земјоделски факултет – декан проф. д-р Илија Каров Факултет за информатика – декан проф. д-р Цвета Мартиновска Економски факултет – декан проф. д-р Ристо Фотов Правен факултет – декан проф. д-р Јован Ананиев Факултет за музичка уметност – Проф. д-р Илчо Јованов Факултет за медицински науки – декан проф. д-р Бистра Ангеловска Факултет за туризам и бизнис логистика – декан доц. д-р Нако Ташков Филолошки факултет – декан доц. д-р Јованка Денкова Електротехнички факултет – декан доц. д-р Татјана Атанасова Пачемска Технолошко-технички факултет – декан доц. д-р Винета Сребренкоска Машински факултет – декан доц. д-р Дејан Мираковски
Покрај овие единици се организираат и: катедри, оддели, институти, центриМатична страница на Универзитет „Гоце Делчев“ - „Центри“, лаборатории, библиотеки и други внатрешни организациони единици, како што се:
Центри Универзитетски културен центар; Универзитетски спортски центар; Центар за односи со јавноста; Центар за доживотно учење; Центар за електронско учење; Центар за обезбедување на квалитет; Центар за меѓууниверзитетска соработка; ИТ центар; Канцеларија за кариера; Алумни клуб;
Институти Институт за историја и археологија; Институт за гастрономија, исхрана и диететика.
Други внатрешни организациони единици Универзитетска библиотека;
Ректоратот односно седиштето на Универзитетот, каде се сместени највисоките раководни тела, се наоѓа во Штип. Органи на Универзитетот се: Универзитетски сенат, ректор и Ректорска управа.
Универзитетскиот сенат го избираат ректорот и проректорите на Универзитетот. Ректорот ја води седницата на Универзитетскиот сенат. Проректорите учествуваат во работата на Сенатот, без право на глас. Универзитетскиот сенат донесува Статут на Универзитетот, одлучува за наставната, научната, уметничката и високостручната дејност. Исто така, Сенатот ги усвојува студиските програми на факултетите и ги утврдува научните, односно уметничките области.
Ректорот како раководен орган на Универзитетот го застапува Универзитетот во земјава и странство, ја води меѓународната соработка на Универзитетот и иницира соработка со други универзитети во земјава и во странство. Ректорската управа ја сочинуваат: ректорот, проректорите, деканите на факултетите, директорите на високите стручни школи и еден претставник на студентите од Сојузот на студентите на Универзитетот. Во работата на Ректорската управа учествува и генералниот секретар на Универзитетот, без право на одлучување. Со Ректорската управа раководи ректорот.
Ректор на универзитетот од 2022 година е Проф. д-р Дејан Мираковски, по проф.д-р Блажо Боев, кој го наследил Саша Митрев во 2015 г.
Покрај ректорот, како раководен орган, Универзитетот има и два проректори : проректор за настава и студенти - проф. Мишко Џидров, Проректор за развој, инвестиција и одржување - проф. Дејан Мираковски.
Вкупниот број на вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип изнесува 438.
Симболи Грб на Универзитетот мини|120п|алт=Грб на Универзитетот Гоце Делчев|Грб на Универзитетот „Гоце Делчев“ Грбот на Универзитетот е со тркалезна форма. Во средината е училиштето во Ново Село - Штип, каде што Гоце Делчев учителствувал (Ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип), во горниот дел од кругот е испишан текстот: Универзитет „Гоце Делчев“, а во долниот дел: Штип. Со грбот, знамето и химната се претставуваат Универзитетот и единиците на Универзитетот. Грбот на Универзитетот се употребува на знамето, дипломите, плакетите, признанијата, меморандумите, изданијата на Универзитетот, како и на пригодни ковани пари, што се издаваат по повод јубилејни прослави на Универзитетот и друго.
Знаме на Универзитетот мини|120п|алт=Знаме на Универзитетот Гоце Делчев|Знаме на Универзитетот Гоце Делчев Знамето на Универзитетот е во правоаголна форма, во бордо боја, со златно-жолти реси на рабовите. Во средината е грбот на Универзитетот во златно-жолта боја. Во долниот дел од знамето, во два реда по неговата должина пишува: „Јас го разбирам светот, единствено, како поле за културен натпревар меѓу народите“. Знамето на Универзитетот стои постојано истакнато на објектот на Ректоратот на Универзитетот. Знамето на Универзитетот се истакнува пред објектите на единиците и пред објектите на придружните членки на Универзитетот, по повод патронатот на Универзитетот, прослави, свечености и други активности, кои се од значење за Универзитетот, а може да се истакне и при одржување на меѓународни универзитетски средби, натпревари и други собири во согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири, како и при спортски натпревари и други спортски активности на Универзитетот.
Универзитетски инсигнии мини|120п|алт=Инсигнии на Универзитетот Гоце Делчев|Инсигнии на Универзитетот Гоце Делчев Универзитетските инсигнии се состојат од меѓусебно поврзани гравури кои ја симболизираат културата на регионот во кој делува Универзитетот во Република Македонија. Универзитетските инсигнии ги носат: ректорот и проректорите на Универзитетот, како и деканите, односно директорите на единиците на Универзитетот, на прослави, промоции и други свечености на Универзитетот и единиците на Универзитетот, или на други национални и меѓународни манифестации.
Одора
На Универзитетот се установува одора за: ректорот, проректорите и деканите, односно директорите на единиците. Одората се носи при промоции, прослави и други свечености на Универзитетот и на единиците на Универзитетот, или на национални и меѓународни манифестации. Поблиски одредби за изгледот, употребата на симболите и другите обележја на Универзитетот донесува Ректорската управа.
Плакета
Со посебна одлука на Универзитетскиот сенат се востановува: плакета, повелба, благодарница, пофалба и други признанија и награди на Универзитетот, кои се доделуваат на заслужни поединци, правни лица или институции, кои со својата работа придонеле за развојот и афирмацијата на Универзитетот, како и за развој на научната мисла, а на студентите за постигнатиот успех во студирањето
Химна
Химната на Универзитетот се изведува на прослави, промоции и други свечени и спортски манифестации на Универзитетот, на единиците и на придружните членки на Универзитетот, при меѓународни универзитетски средби и други собири во согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири. Химната се изведува со свирење, со пеење или комбинирано. Химната на Универзитетот е свечена песна, посветена на улогата и значењето на Универзитетот. Изработена е од доц. д-р Илчо Јованов Химна на УГД: I строфа Рефрен II строфа Гордо чекориме со тебе ние,Гоце учителу наш.Делото твое нас нѐ води Кон светлината,Делото твое нас нѐ води Кон иднината.Знаење, мудрост ни давашЗа светла иднина,Вечно и гордо зрачиУниверзитету наш. Твојата укост гордост е наша,Го свети патот наш.Мислата твоја сила е вечнаТемелот силен наш,Мислата твоја нас нѐ водиКон иднината.
Студенти
Статус на студент на Универзитетот се стекнува со запишувањето на прв, втор и трет циклус на студии во рамките на еден од 13 факултети на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Статусот на студент се докажува со студентска легитимација. Студентот има право на слободно искажување на мислењата и ставовите во текот на наставата, како и право на изјаснување на квалитетот (оценување) на наставата и наставниците.
Начинот за упис на идните студенти на факултетите е преку полагање на надворешни и интерни испити во рамките на државната матура. За реализација на конкурсот за запишување во прв циклус на студии на Универзитетот се формираат конкурсни комисии за секоја единица. Рангирањето на кандидатите го врши конкурсната комисија. На студентските програми на Универзитетот не можат да бидат запишани кандидати кои имаат помалку од 40 бода, добиени по сите основи.