Прогестеронот е хормон кој се секретира од жолтото тело од јајчниците. Тој има значајна улога во текот на бременоста. Прогестеронот е најчесто произведени некои растенија од фамилијата Диоскореа. Диоскореата произведува големи количества од стероидот диосгенин diosgenin кој во лабораториски услови може да се претвори во прогестерон.
Познато е и дека растението Juglans regia може да го синтетизира прогестеронот.
Прогестеронот е откриен од страна на четири истражувачки групи истовремено.
Како и другите стероиди, прогестеронот се состои од четири меѓусебно поврзани јаглеводородни прстени. Како и сите други стероидни хормони, прогестеронот е хидрофобен.
Метаболизам Метаболизмот на прогестеронот се одвива брзо и екстензивно, најголем дел во црниот дроб, иако ензимите кои го метаболизираат исто така се експресираат во мозокот, кожата, и разни други екстрахепатални ткива. Прогестеронот има полуживот на елиминација од околу 5 минути во циркулацијата. Метаболизмот на прогестеронот е комплексен, и може да формира дури 35 различни метаболити кога се внесува орално. Прогестеронот е подложен на ензимска редукција под дејство на редуктази и хидроксистероид дехидрогенази поради присуството на двојна врска (помеѓу C4 и C5) и двете кето-групи (на позиции C3 и C20).
Надворешни врски
Infertility - possible Treatments and Causes Ovulation and How it happens, Triggers and How to Help it Occur General discussion document on Progesterone, its uses and applications
Литература
Категорија:Стероидни хормони Категорија:Невростероиди Категорија:Дикетони Категорија:Деривати на алкените Категорија:Полови хормони Категорија:Хепатотоксини