Тони Петковски (), во јавноста познат како Тони Зен — македонски рапер и продуцент. Член е на групата Урбана Димензија, а се занимава со рап повеќе од 10 години.

Кариера Под влијание на американскиот хип-хоп, кон крајот на 1990-тите години Тони (со уметничко име Kire Daskalov) почнува да се занимава со рап музиката. Активен е во неговата прва група „105“, снимајќи демо снимки достапни само на хип-хоп програмата на скопското радио Канал 103. Во 2002 година заедно со DJ Чваре ја формира групата Урбана Димензија, и со тоа започнува професионално да се занимава со рап музиката. Во меѓувреме Тони своето уметничко име од Тони Монтана го менува во Тони Зен Настапуваат на бројни настани во Македонија од кои се издвојува Street Beats Festival (хип-хоп вечер на Таксират 2005), како предгрупа на Jeru Da Damaja, Afu Ra, Guru и Едо Маајка. Тони Зен како соло артист, а и како член на Урбана Димензија работи на повеќе проекти во блиска соработка со Единствена Опција, Мартин Србиновски, Бојана и Бисера (Gemini), Тамара Тодевска, Роберт Билбилов, Јован Јованов и други.

Тони Зен бил гостин на концертот на Слаткаристика одржан на Антички театар во Охрид на 23 јули 2009, a исто така бил дел и од концертот на Слаткаристика, одржан во Метрополис Арена во Скопје каде имал свое шоу на сцената. На 31 март 2010 година, Тони Зен настапил како предгрупа на концертот на 50 Cent кој се одржа во салата "Борис Трајковски" во Скопје. Значаен датум за Тони Зен е 23 јули 2010 година, затоа што тогаш го одржал својот прв солистички концерт во Античкиот театар во Охрид пред околу 4 000 гледачи, а како гости на концертот настапиле Токсикологија и Слаткаристика.

Како најуспешен период во неговата досегашна кариера се смета периодот во 2009 и 2010 година кога Тони Зен претставувал еден од најдобрите рап артисти на територијата на Република Македонија. Покрај успехот во музиката, Тони е и сопственик на Tony's Soul Wear, продавница наменета исклучиво за хип-хоп облека. Продавницата се наоѓа во Градскиот Трговски Центар во Скопје.

Дискографија Студиски албуми Стиховна Агенда (2005) Слушај (2007) Во мој Стил (2009) Тони Зен е Суперзен (2011) Микро Скопски организам (2013)Ѓорге Стојанов, "Не станав познат да бидам швалериште", Антена, бр. 804, петок, 22.11.2013, стр. 5. Од изворот на изборот (2019)

Синглови

Од првите два албума Зен мастер (2004) Скопје мој град (2005) Покрај Мене (feat. Gemini) (2005) Во полн ефект (2006) За Пандев (feat. Тамара) (2006) Дали сакаш (feat. Единствена Опција)) (2006) Сега Знам (feat. Мартин Србиновски) (2007) Mi casa e su casa (feat. Слаткар) (2007)

Од последните два албума Скандал (2009) Спушти Се Доле (feat. Слаткар) (2009) Во мој стил (2009) Не ме замарај (feat. Тамара) (2010) Океј (2010) Јас сум хип-хоп (2010) Бас (2011) Надвор & Повеќе од рапер (2012)

Видео записи Спот Година Режисер Зен мастер 2004 Скопје мој град 2005 Во полн ефект 2006 Mi casa e su casa 2007 Дарко Антоновски Дали сакаш 2008 Скандал 2009 Дарко Антоновски Спушти Се Доле 2009 Во мој стил 2009 Дарко Антоновски Не ме замарај 2010 Дарко Антоновски Океј 2010 Дарко Антоновски Биди зелен 2010 Томато продукција Јас сум хип-хоп 2010 Бас 2010 EXIT-B Production Суперзен 2011 EXIT-B Production Rap `n` Roll 2011 Владимир Митревски-Ѓуле Три 2011 Надвор & Повеќе од рапер 2012 BMA Production Исти 2012 Мерт,Тони Зен Под контрола 2013 Mert Asllani,Антонио Павловски Сетила 2013 BMA brothers Светот е твој 2013 BMA brothers Прљаво на балкан 2016 Mert Asllani СУМ 2019 Огнен Шапковски Тишина 2019 Billy D,Toni Zen Планот 2022 Огнен Шапковски Првата нота 2022 Владислав Гавриловски Клубот 2022 Никола Димов El Padrino 2023 Владислав Гавриловски

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на Тони Зен Тони Зен на MySpace Видеа Тони Зен Информации за музичкото портфолио на „Тони Зен“ може да најдете на ВБУ Музички Регистар.

Категорија:Живи луѓе Зен, Тони Категорија:Македонски музичари