Јелена Розга ( во ) — хрватска пејачка која пее поп, фолк и електропоп музика. Родена е и израсната во Сплит каде уште како дете почнува да настапува како балерина. Се прославува како пејачка на хрватската група Магазин. Пее во групата од 1996 до 2005 година, а во 2006 година ја започнува својата соло кариера откако издава 5 студиски албуми со Магазин.

Соло кариерата Розга ја започнува со албумот Oprosti mala кој доживува голем комерцијален успех кој ја воспоставува како успешна соло пејачка. Албумот се искачува на врвот на табелата за хрватски албуми и на него се наоѓаат неколку успешни синглови како што се „Gospe moja“ („Богородице моја“), „Oprosti mala“ („Прости малечка“) и „Ne zovi me Marija“ („Не ме нарекувај Марија“). На вториот студиски албум на Розга, Bižuterija ( Бижутерија) издаден во 2011, се наоѓаат истоимената песна која е воедно најголемиот соло хит на пејачката како и сингловите „Rodit' ću ti 'ćer i sina“ („Ќе ти родам ќерка и син“) и „Ona ili ja“ („Таа или јас“). Во промоцијата на албумот, Розга ја започнува својата прва соло турнеја, насловена Турнеја „Бижутерија“ која трае од 2010 до 2012 година; со распродадениот концерт во Спаладиум арената, Розга станува првата хрватска пејачка која успева да ги распродаде сите карти.

Во 2012, Розга го издава својот прв Best of компилациски албум на кој се наоѓаат нејзините хитови со Магазин како и тие од нејзината соло кариера. Moderna žena („Модерна жена“), третиот студиски албум на пејачката е издаден во 2016 и на него се наоѓаат некои од најголемите хитови на пејачката во нејзината кариера, вклучувајќи ги „Nirvana“ („Нирвана“), „Kraljica“ („Кралица“) и „Tsunami“ („Цунами“). Moderna žena е третиот албум на пејачката кој успеал да го достигне врвот на хрватската табела на албуми и добива златен сертификат од страна на хрватската музичка асоцијација. Воедно е и најпродаваниот албум на годината во Хрватска.

Покрај нејзината пејачка кариера, Розга исто така кратко време посветува на глумата. Денеска се смета за една од најпознатите пејачки во Хрватска, каде што има освоено златни сертификати за сите нејзини три албуми и голем број на награди, вклучувајќи ја и наградата Grand Prix на сплитскиот фестивал. Покрај познатоста во Хрватска, пејачката исто така има изградено успешна кариера во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија.

Ран живот

Јелена Розга е родена на 23 август 1977 како ќерка на Марија Розга, кројачка во компанијата Југопластика и таткото Антонио Розга во Сплит, регион во Далмација, Хрватска. Розга е второ дете и има постара сестра чие име е Јулија. Како дете, Розга била многу хиперактивна и енергетична и честопати танцувала или настапувала во нејзиниот дом. Поради нејзината упорност да биде балерина, нејзините родители ја испратиле на часови по балет кога имала седум години и била ученик во прво одделение во основното училиште. Ѝ се придружила на групата КУД Мозаик каде што била под водство на познатата хрватска кореографка Лепа Смоје. Како балерина, учествувала на неколку југословенски напревари. На 13-годишна возраст, Розга била поканета да учествува во оперската куќа Ла Скала во Милан. Нејзините родители не можеле да ѝ го дозволат тоа поради финансиски причини.

За време на своите тинејчерски години, Розга започнала да учи во средното училиште во Сплит и одлучила да ја развива својата страст кон танцот, па така се пријавила на аудициите за балетниот ансамбл во хрватскиот народен театар во Загреб. Веднаш била прифатена од комисијата која се воодушевила од нејзините танцувачки способности. Заедно со групата, започнала да настапува на различни продукции на театарските претстави Лебедово езеро, Заспаната убавица и Оревокршачка покрај другите. Розга подоцна открила дека часовите по балет кои ги следела како дете придонеле кон тоа таа да се оформи како жена, да се здобие со ред, посветеност и дисциплина во животот.

За време на интервју, Розга открила дека дури и како балерина во нејзиното детство, имала голема љубов кон пеењето и нејзиниот најголем сон бил да стане пејачка на хрватскиот поп состав Магазин, чиј главен вокал во тоа време, имено Љиљана Николовска, служела како извор на инспирација за неа. Розгаг исто така била огромен фан на бендот чии песни ги знаела напамет. Во 1992, Розга ја освоила првата награда на музички натпревар каде што настапила со песната „Uvenut će ružmarin“ („Ќе овене рузмаринот“) на Магазин. Во 1994, зела учество на друг натпревар, Zvuci Jadrana (Звуците на Јадранот), каде што ја добила наградата Zlatna Gospa за нејзиниот настап со песната „Ti si želja mog života“ („Ти си мојата животна желба“).

Кариера 1996–2006: Магазин

Кога ќерка ѝ имала 18 години, мајката на Розга слуша дека главната пејачка на Магазин во тоа време, Данијела Мартиновиќ, ја напушта групата. Таа го контактира водичот на групата Тончи Хуљиќ, информирајќи го за интересот на нејзината ќерка да отиде на аудициите на групата. Мајката на Розга исто така му дава слика од нејзината ќерка на Хуљиќ заедно со домашни касети и аудио снимки од нејзините домашни настапи. Уште пред да ја чуе како пее, Хуљиќ се одлучил да ја контактира Розга со оглед на тоа дека нејзиното презиме му звучело необично и моќно. Тој отишол во Сплит каде што аудицијата траела само пет минути, Розга испеала само „песна и половина“, вклучувајќи ги „Opusti se“ () и „Zlato ljubavi“ (). Откако испеала, Хуљиќ работел на песната „Aha“ заедно со неговата сопруга, Вјекослава Хуљиќ, која била првата песна што Розга некогаш ја снимила. Потоа, Розга престанала со нејзините часови по балет и ја започнала музичката кариера во групата Магазин. Во 1996, настапила со „Aha“ на Хрватскиот избор за песна на Евровизија во 1996, Дора, каде што го освоила второто место. За настапот, таа се појавила облечена како балерина и извела танчерска кореографија.

Истата година, на 18-годишна возраст, потпишала договор со Tonika Records, со што ја наследила Данијела Мартиновиќ како главна пејачка на Магазин. Првата песна што ја снимила со групата била „Suze biserne“ („Бисерни солзи“) со која бендот настапил на фестивалот „Мелодије хрватског Јадрана“ во 1996 година. Песната станала популарна инстантно меѓу обожавателите на групата и била препозната како најизведувана песна за таа година. Во 1996, Магазин го издале првиот албум со Розга и нивниот дванаесетти студиски албум, насловен Nebo boje moje ljubavi (). Албумот достига голем комерцијален успех и добива златна сертификација во Хрватска. Од него излегуваат неколку хитови, вклучувајќи ги и „Suze biserne“ и „Minut' srca tvog“ () како и „Nebo boje moje ljubavi“ и „Samo navika“ („Само навика“) . Во 1997, Магазин настапил на Дора со песната „Opijum“ (), каде што завршиле седми. После неколку месеци, бендот настапил на Melodijama Hrvatskog Jadrana (MHJ) каде што ја извеле песната „Ime mi spominje“ (). Во 1998, вториот студиски албум на групата со Розга, Da si ti ja бил издаден; достигнал комерцијален успех во регионот на бивша Југославија, освоил платинест сертификат во Хрватска и Словенија. Албумот произвел неколку комерцијални синглови, вклучувајќи ги „Gutljaj vina“ (), „Ginem“ (), „Na svijetu sve“ () и „Idi i ne budi ljude“ (). Песните не наишле на добра критика од музичките критичари кои рекле дека имаат „лесен“ текст.

Во 1999, Магазин настапил на Дора со песната „Kasno je“ () и на MHJ '99, каде што настапиле со „Ako poludim“ (). Minus i plus (), третиот албум на групата со Розга, бил издаден во 2000 и ги вклучувал следниве комерцијално успешни синглови: насловната песна, „Jel' zbog nje“ (), „Nemam snage da se pomirim“ () и „Ako poludim“. Бендот настапил со песната „Hrvatska rapsodija“ () од албумот на фестивалот од 2000 на Дора и потоа со „Nemam snage da se pomirim“ на Руинќевскиот фестивал. Од четвртиот студиски албум S druge strane Mjeseca () излегле неколку сингла, вклучувајќи ја насловната песна , „'Ko me zove? “ () и „Ne vjerujem tebi, ne vjerujem sebi“ (); последната била изведена на MHJ '02. Бендот исто така настапил за првпат на фестивалот од 2002 „Златни жици на Славонија“ со песната „Hajde, kaži kako“ ().

Последниот албум којшто групата Магазин го издала со Розга бил Paaa..? и ги вклучувал хит сингловите „Ne tiče me se“ (), „Troši i uživaj“ (), „Kad bi bio blizu“ (), „Da li znaš da te ne volim“ (), „Slatko, ljuto, kiselo“ () и „Lepoglava“ („Лепоглава“). На промоцијата на албумот, бендот настапил со „Kad bi bio blizu“ на Радискиот фестивал од 2003 и „Da li znaš da te ne volim“ на Сплитскиот Фестивал. Во 2004, бендот победил на Сплитскиот Музички Фестивал со песната „Ne tiče me se“, a настапил и на фестивалот Златне Жице Славоније со песната „Često“ (). Бендот настапил на Дора 2005 со библиската песна „Nazaret“ () на којашто пеел Ервин и завршил на второто место. Во 2006, Розга ја напушта групата откако служела како главна пејачка десет години. Сепак, продолжува да соработува со Тончи Хуљиќ, основачот на бендот.

2006–2009: Oprosti Mala Розга го снимила и го издала нејзиниот прв солистички албум Oprosti mala () во 2006; албумот бил комерцијален успех, искачувајќи се на врвот на Хрватската Листа на Албуми. Истата година, таа настапила со насловната песна од албумот заедно со бендот Магазин на националниот фестивал на Дора во 2006, којшто воедно бил и нејзиниот прв соло настап. Шест сингла излегле од албумот Oprosti mala, вклучувајќи ги „Oprosti mala“ (), „Ne zovi me Marija“ (), „Ja znam dobro što mi je“ (), „Sve se meni čini“ (), „Nemam“ () и „Gospe moja“ (). Во 2006, Розга настапила на Хрватскиот избор за Евровизија од 2006, Дора со песната „Ne zovi me Marija“ којашто завршила шеста. Розга ја извела „Gospe moja“ на Сплитскиот Фестивал во 2007 каде што песната ја освоила главната награда.

За време на неколку интервјуа, Розга открила дека преминот од Магазин во соло кариера бил голем предизвик кој ѝ предизвикал многу стрес и здравствени проблеми. Открила дека не била свесна за сите одговорности и независни одлуки кои еден соло артист треба да ги донесе. Така, на почетокот, била многу разочарана од малиот број луѓе коишто ги посетувале нејзините првични солистички концерти. Хуљиќ открил дека првиот период на транзиција вклучувал истражување на тоа каков звук и стил очекувала публиката од Розга и дека процесот траел речиси четири години пред да го најде сопствениот пат.

Кариерата на Розга брзо почнала да се движи нагоре, особено во 2008 кога ја освоила главната награда на Сплитскиот музички фестивал за најслушана песна со „Gospe moja“ од минатата година. Потоа, го издала синглот „Daj šta daš“ којшто се искачил на врвот на табелите во Хрватска и во соседните држави. Песната исто така ја освоила главната награда во 2009 со тоа што била најслушаната песна на минатогодишниот фестивал. Два други сингла биле издадени во 2008, вклучувајќи ги и „Djevica“ () и „Ožiljak“ (). Во 2009, Розга настапила на Хрватски Радиски Фестивал со „Svega ima, al' bi još“ () во категоријата поп-фолк музика. Розга настапила на Сплитскиот фестивал од 2009 со „Rodit' ću ti 'ćer i sina“ () и следната година, во 2010, третпат по ред, ја освоила главната награда за најслушана песна со „Rodit' ću ti 'ćer i sina“. На крајот на годината, Розга продолжила со издавањето на песната „Nevjeran do groba“ (), дует со бендот Miligram и „Ostavit ću svitlo“ (), дует со Клапа Искон.

2009–2011: Bižuterija