Флавиј Клавдиј Константин (лат.Flavius Constantinus),(ok.316- 340 год.) е византиски цар, син на Константин Велики и Фауста. Во 317 година е прогласен за цезар , а на седумгодишна возраст го придружува својот татко во војната со Сарматите. На десетгодишна возраст, по смртта на неговиот полубрат Крисп, е прогласен за управник на западниот дел од Римското Царство, поточно Галија, Шпанија и Британија. Во еден натпис од 330 година е титулуван како Alamannicus (Алеманик), што значи победник на Алеманите. По смртта на Константин Велики власта во империјата е поделена меѓу него и неговите браќа Константиј II и КонстансEutropius, 10:9 . Кога најмалиот син Констанс ќе стане полнолетен, Константин II ќе го нападне за да освои неговиот дел од империјата. По кратка борба меѓу обете браќа во Северна Италија, Константин ќе биде сардисан до Аквилеја, убиен, а неговото тело пронајдено во блиската река.

thumb|left|250px|Солид на Константин II

Извори DiMaio, Michael, and Robert Frakes, "Constantine II (337-340 A.D.)", D.I.R. Наводи

Категорија:Константинова династија Категорија:Родени во 316 година Категорија:Починати во 340 година Категорија:Римски цареви од 4 век Категорија:Конзули на Римското Царство Категорија:Римски цареви загинати во битка