Австралија () е австралиски драма– филм на Баз Лурман од 2008 год. ‘Австралија’ е навистина огромен проект и сите кои работат на него велат дека било напорно, но секако се исплатило. Снимањето траело долги десет месеци, а буџетот на крај е заокружен на вртоглави 150 милиони австралиски долари. Никол Кидман и Хју Џекмен ги прифатија улогите без да го видат сценариото, и всушност заблагодарувајќи и се на Кидман, која откако дознала дека Лурман го режира филмот, го наговорила Џекмен да биде дел од екипата. Главната машка улога на почетокот ја играше Расел Кроу, но се откажа откако продукцијата драстично му ја намалил платата за да заштедат на буџетот.

Синопсис

Лејди Сара Ешли е англиска аристократка која живее во несреќен брак без љубов и потомство. Го поминала животот во потрага за совршенство, па со текот на времето се претворила во нешто што никогаш не би сакала да биде – ладна и бесчуствителна жена, која секој ден изгледа исто. Сепак за промена ќе и се пружи кога ќе дознае дека наследила голем дел земја од далечната и непозната Австралија и поради тоа го напушта Лондон и тргнува во авантура. Нејзиниот водич околу немилосрдното пространство на Северната Територија е Дровер, суров водич на стока, кој за разлика на своето однесување е тотално различен од префинетоста на Сара. Нивната вистинска меѓусебна нетрпеливост ќе наруши една трагедија, после која Сара мора да се грижи за едно шармантно сираче Нола. Пола Абориџин, пола белец, Нола ќе се најде во друштво кое го третира како аутсајдер. Истовремено, земјиштето кое Сара го наследила, ранчот Faraway Downs, се наоѓа на работ на пропаста, а злобниот управител Неил Флечер планира со кралот на сточарите Карни да ја забрза неговата пропаст и да го преземе земјиштето. Како би го спасила земјиштето, Сара мора да се здружи со Дровер и да префрли илјада и петстотини грло стока преку прекрасната, но злобната, австралиска пустелија. Сето тоа ја тера Сара да се претвори во жена каква што отсекогаш сакала да биде, додека нејзиниот несакан однос со Дровер расти во длабоко почитување и доживување, а потоа и љубов.

Глумечка екипа

Глумци ЛиковиНикол Кидман Лејди Сара ЕшлиХју Џекмен ДроверДејвид Венам Неил ФлечерЏек Томпсон ФлинБрајан Браун Лесли Кинг КарниБрендон Волтерс Нола

Филмски критики Критиките како и секогаш се поделени. Мрежното место Rotten Tomatoes оваа романтична драма ја оцени со 52%, а оштото мислење гласи дека нејзината совршена продукција и атмосфера ја расипуваат преедноставните ликови и недостатокот од оригиналност. И додека некои, како Houston Chroniclea во ‘Австралија’ гледаат совршенство: ‘Филмот содржи сè што е потребно – комедија и трагедија, акција и драма. Потполно квалитетен филм кој многу брзо ќе ја заинтересира и воодушеви својата публика’, а други пак како на пр. USA Today велат вака: „Режисерот едноставно премногу се трудел да направи филм со епски пропорции. Наместо тоа добивме исфорсирана мелодрама која пред сè е досадна.“

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Семрежна филмска база на податоци Бокс Офис Мојо

Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Филмови со Никол Кидман Категорија:Филмови на англиски јазик