мини|десно|200px|Знамето на пиратскиот капетан Џон Рекам од 1719 г.
Пиратство — активност на разбојници (наречени пирати; еднина: пират) кои вршат криминал на море, а понекогаш и на бреговите. Името потекнува од старогрчкиот збор за обид/искуство (старогрчки: πεῖρα), што имплицитно би значело „да си ја пробаат среќата“, Пиратството се појавило уште во античко време, но својот процут го достигнало во XVII век на Карибите, односно во Новиот Свет. Денес пиратите најмногу дејствуваат на Тихиот и Индискиот Океан и претставуваат голем проблем за одвивањето на меѓународната трговија.
Историја Античко и средновековно пиратство лево|мини|Дракар, викиншки пиратски брод Во античкиот период имало пирати кои со своите брзи галии го тероризирале крајбрежјето на Средоземното Море. Уште од времето на Стариот Египет, тие вршеле кражби на бродови. Во периодите кога доминантните цивилизации на Средоземјето не биле во можност да обезбедат доволно силни флоти, на многу острови постоеле пиратски заедници. Во една прилика и Цезар бил заробен од пирати и задржан, сè додека не бил ослободен со откуп. Пиратството било често сè до 67 п.н.е. кога римскиот генерал Помпеј со околу сто бродови спровел антипиратско чистење, по што во Средоземјето било овозможено одвивањето на слободната трговија.
По пропаѓањето на Западното Римско Царство, како пирати најмногу се истакнале Викинзите, поморски народ од северна Европа. Тие, во наредните неколку века, со своите брзи бродови од типот дракар пловеле до Британија, Русија, Италија, Африка и Америка, вршејќи голем број грабежи на својот пат. Но, подоцна се ориентирале на трговија.
Во доцниот среден век, по морињата во Северна Европа започнале да пловат пирати од сите земји кои вршеле пљачки на трговските бродови и крајбрежните градови. Неретко, тоа го правеле по наредба на своите владетели, со што се родило гусарството (анг. pirateering). Пљачките на море биле дозволени со закон, и се сметале како дел од регуларното војување. Во 1392 година, германските пирати го освоиле градот Берген, што довело трговците и земјите да ги засилуваат своите бродови и го создале трговскиот и политички сојуз Ханза, што во голема мерка придонело за искоренување на северноевропското пиратство.
Пирати во Средоземјето во XV и XVI век мини|120px|Хајредин Барбароса, познат како Црвенобрадиот, водач на северноафриканските корсари Корсари Во почетокот сите пирати и гусари кои дејствувале во Средоземјето во текот на XV и XVI век, без оглед на тоа дали биле христијани или муслимани се нарекувале корсари (анг. corsairs). Подоцна овој назив почнал да се користи само за француските гусари. За муслиманските корсари од Северна Африка, започнал да се користи називот берберски пирати.
берберските пирати биле жители на северноафриканските муслимански подрачја (Берберскиот Брег), кои под заштита на Османлиското Царство ги ограбувале христијанските бродови во Средоземјето. За муслиманите тоа се сметало за верска војна, а за европските држави тие биле обични пирати. Користеле брзи галии и со своите бројни екипажи лесно ги совладувале противничките бродови. Заробениците ги продавале како робови или ги уценувале поради откуп. Најголем процут имале во XVI век, а на почетокот на XVII нивната моќ почнала да се намалува. До околу 1650 година речиси потполно исчезнале. Нивниот најпознат водач бил Хајредин Барбароса, кој бил именуван за адмирал во воената морнарица на Османлиското Царство. Најголеми престојувалишта биле Триполи, Алжир и Тунис. Интересно е што меѓу нив понекогаш имало и поранешни христијански гусари, кои по завршувањето на војните останувале без работа и се префрлале во редовите на северноафриканските корсари, напаѓајќи ги бродовите на своите поранешни команданти.
Пиратството на Карибите („Буканирско време“) По откривањето на Америка во 1492 година од страна на Колумбо најголемите поморски сили во тоа време, Шпанија и Португалија, започнале да создаваат колонии во Средна и Јужна Америка (односно во Западна Индија, како што Колумбо го нарекол новооткриениот континент). Најмногу колонии освоила Шпанија, додека Португалија (која никогаш не била воена сила) повеќе се ориентирала на трговијата со Индија и Далечниот Исток. Сепак, Португалија основала неколку важни и богати колонии во Јужна Америка. Во договор со Шпанија, Португалија ги зазела западните делови од Јужна Америка, а Шпанија источните. Средноамериканскиот домороден народ Инките, Маите и Ацтеките, Шпанците ги затекнале со бројни рудници, богати со скапоцени метали, врз кои воспоставиле целосна контрола и започнале скапоценостите да ги превезуваат во Шпанија. Поради големиот пораст на шпанското богатство и другите европски земји започнале да формираат свои колонии на Карибите поради искористување на природните богатства на Новиот Свет. На крајот на XVI и почетокот на XVII век, делови од Карибите станале колонии на Англија, Франција и Холандија, а на крајот на XVII век и на Данска. Но, во споредба со шпанскиот колонијализам, сите други биле помали и послабо развиени. lijevo|150px|мини|Буканири во чамци напаѓаат шпански галеон Борбите за колонии и желбата за трговска доминација често доведувала до војни. Големиот класичен период на пиратството траел од 1560 до 1720 година. Во првите десетлетија од XVII век, група на луѓе од Европа (најмногу Французи) се населиле на островот Хиспаниола. Тие се нарекувале буканири и биле ловци на диви животни. Но, желни за брза заработувачка, започнале да дејствуваат околу морето и да ги напаѓаат шпанските бродови, полека свртувајќи се кон пиратство. Така, буканирите иако го задржале старото име станале пирати, а најуспешни биле во периодот од 1640 до 1680 година. Двете најпознати буканирски седишта биле островот Тортуга по 1640 година и градот Порт Ројал на островот Јамајка по 1655 година. Буканирскиот период траел до 1680 година, кога Французите и Англичаните започнале да ја намалуваат поддршката. За последна голема акција на буканирите се смета пљачката на Картагена во Колумбија во 1689 година, кога 6500 буканири и француски војници го освоиле шпанскиот град.
Тортуга мини|Хиспаниола и, на север, островот Тортуга Тортуга (шпански израз за Желка) е остров, кој се наоѓа северно од островот Хиспаниола. Во XVII век, овој остров бил познат како пиратско собиралиште. Денес тој припаѓа на Хаити.
Во 1625 година, англиските и француските колонисти ги избегнале верските војни, со кои била зафатена Европа и се населиле на Тортуга, каде се занимавале со земјоделство. Во 1629 година Шпанците го нападнале островот Тортуга, покорувајќи ги скоро сите жители, но наскоро го напуштиле островот. Преживеаните жители за да се одмаздат се здружиле со буканирите од Хиспаниола и започнале со нападите на шпанските бродови.
Во 1633 година, Французите се обиделе на Тортуга да организираат трговија со црни робови донесени од Африка, но не се организирала, а во 1635, целосно се изгаснала. Истата година, Шпанците повторно го освоиле островот и повторно го напуштиле, бидејќи за нив бил премал за да има стратешка важност. Англиските и француските пирати тогаш повторно се населиле на островот, а скоро потоа им се придружиле и холандските. Шпанците поради тоа во 1638 година, повторно ја нападнале Тортуга, но овој пат биле поразени. Од 1640 година, пиратите и буканирите започнале меѓусебно да се нарекуваат Братство на брегот (анг. Brethren of the Coast). Поради постојаните пиратски напади на нивните бродови Шпанците во 1654 година повторно го нападнале островот и го освоиле, но пиратите и буканирите се вратиле веќе следната година и продолжиле со пљачките во Новиот Свет. Во 1660 година од Франција на Тортуга пристигнал гувернер, кој ја презел власта на островот и вовел ред. Десет години подоцна буканирите веќе биле минато, а островот Тортуга започнал и законски да станува зависен за Франција. Пиратите од Тортуга преминале во француска служба, со што станале гусари или во голем број на случаи го напуштиле островот и се преселиле во Порт Ројал или на Бахамите. До 1685 година, времето на буканирите завршило. Пиратството на Тортуга со закон било забрането во 1713 година.
Порт Ројал Порт Ројал (Кралско Пристаниште) бил центар на трговските активности на островот Јамајка сѐ до земјотресот на 7 јуни 1692 година, кога две третини од градот потонале во Карипското Море. Местото било популарно за пиратите кои таму го трошеле богатството стекнато на море.
мини|лево|Целите Кариби биле пиратско ловиште Откако Англичаните им го отстапиле островот Јамајка на Шпанците во 1655 година, немале доволно воени сили да го одбранат островот од шпанските и француските напади. Поради тоа, во 1659 година гувернерот на Јамајка ги повикал буканирите од Тортуга да се населат на островот и да го одбранат доколку за тоа има потреба. Тоа резултирало со основање на нов град на јужниот брег на Јамајка, Порт Ројал. Градот бил основан поради повеќе причини. Тој се наоѓал во близина на патиштата на шпанските трговски бродови, па бил совршена основа за брзи напади. Пристаништето било пространо и доволно големо за сместување на голем број на бродови одеднаш. Порт Ројал бил почетна точка за многу пиратски и гусарски напади на шпанските бродови и населби во Новиот Свет. Од Порт Ројал, англискиот гусар Хенри Морган ги нападнал Панама, Портобело и Маракаибо. Џон Дејвис, Роке Бразилецот, Едвард Мансфилд и останатите познати пирати се населиле во Порт Ројал.
Во 1660 година, пристанишниот град Порт Ројал бил познат како Содома на Новиот Свет, каде најголемиот број од населението го сочинувале пирати и проститутки. Благодарение на богатството кое пиратите го пљачкале од Шпанците, Порт Ројал прераснал во еден од најголемите градови во Новиот Свет и бил економски најзначајна англиска колонија. Само неколку години по основањето на градот, тогашниот главен град на Јамајка, Спениш Таун, морал да му ја препушти својата функција. На врвот од својот развој, градот имал по една крчма на секои 10 куќи. За време на дваесетгодишниот период кој завршил во 1692 година, во Порт Ројал живееле околу 6.500 луѓе. Во градот започнале да се населуваат ковачи, трговци и други занаетчии, кои живееле во двесте изградени згради. Во 1687 година, Порт Ројал го посетиле 213 бродови, а градското богатство се зголемувало од ден на ден.
Откако Хенри Морган во 1674 година станал заменик гувернер на Јамајка, неколку години подоцна Порт Ројал започнал да се менува. Пиратите повеќе не биле потребни за одбрана на градот и островот. Трговијата со робови имала сѐ поголемо значење. Угледните граѓани на Порт Ројал изјавиле дека добриот глас за градот е нарушен. Во 1687 година, во Јамајка биле донесени антипиратски закони. Наместо да биде сигурно место за пиратите, Порт Ројал станал место на нивните гонители. Многу пирати завршиле на бесилка, а буканирите се преселиле на Бахамите, од каде започнале да ги напаѓаат англиските бродови.
Во 1692 година, пристаништето Порт Ројал било погодено од силен земјотрес. Поради тоа што поголемиот дел од градот бил сместен на песочен гребен, дури две третини од градот потонале. Во катаклизмата загинале околу 2000 жители. По овој настан Спениш Таун повторно станал главен град на Јамајка. Постоеле обиди Порт Ројал да се обнови, бидејќи една третина од градот и натаму опстојувала, и тоа делумно било направено. Порт Ројал станал главно англиско пристаниште во тој дел на Карибите, но во 1704 година градот бил целиот во пламен поради пожар. Во првата половина на XVIII век, неколку урагани го докрајчиле Порт Ројал, а останатото население се доселило во Кингстон.
Златна ера на пиратството мини|Пиратски капетан од златната ера