Карлос Антонио де Падуа Чавес и Рамирес (шпански: Carlos Antonio de Padua Chávez y Ramírez, 13 јуни 1899 - 2 август 1978) — мексикански композитор, диригент, учител, новинар и основач и директор на Националниот Симфониски Оркестар на Мексико. Бил под влијание на домородните мексикански култури. Од неговите шест симфонии, најпозната е Втората Симфонија, наречена Индијанска Симфонија (Sinfonía India) во која се користат перкусиони инструменти на племето Јаки.

Во неговото време, Карлос Чавес бил највлијателниот композитор во земјата, градејќи рафиниран и класичен музички израз. Освен шесте симфонии, има напишано повеќе од 200 дела, меѓу кои и балети и опери.

Категорија:Мексикански композитори Категорија:Родени во 1899 година Категорија:Починати во 1978 година