Базиликата Свети Стефан или Свети Иштван (унгарски : Szent István-bazilika) е базилика/црква која се наоѓа во Будимпешта, Унгарија и е во склопот на Римокатоличката црква. Црквата била изградена во 1905 година во неокласичен стил, и е посветена на првиот унгарски крал Стефан I (или Стефан I), чија мумифицирана рака се чува во базиликата.

Архитектура

Своето име црквата го има добиено од унгарскиот светец, а воедно и прв крал на Унгарија Стефан I (975–1038 год.), чија мумифицирана десна рака е чувана во посебен кивот во базиликата.

Еднаква со зградата на унгарскиот парламент, таа е една од двете највисоки згради во Будимпешта, висока 96 m. Според последните пресметувања не постои повисока зграда во градот од 96 m.http://budapest-travel-blog.blogspot.com/2010/05/parliament-of-hungary-number-one-must.html - Monument Overview: The Parliament Има широчина од 55 m и должина од 87.4 m. Нејзината изградба била довршена во 1905 година, после 54 години градење. Голем дел од ова одложување му се припишува на колапсот на куполата во 1868 година, која барала целосно уривање на завршените работи и обнова од земјата нагоре.

Архитектонскиот стил е во неокласична архитектура; а земниот план е во форма на грчки крст. Фасадата е всидрена со две големи бели ѕвона. Во јужната кула се наоѓа највисокот ѕвоно во цела Унгарија, кое тежи околу 9 тони. www.hungarybudapestguide.com/budapest/basilika.php - About Saint Stephen's Basilica Неговиот претходник имал тежина од околу 8 тона, но бил употребуван за воени цели за време на Втора светска војна. Посетителите можат да пристапат до куполата со лифт или ако сакаат да имаат поглед на Будимпешта од 360° треба да се искачат по 364 скалила.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Хорот на базиликата. Официјален 3Д виртуелен приказ на Базиликата Свети Стефан (38 панорамски слики, детален опис на англиски, германски и унгарски јазик). Внатрешноста на базиликата. Сместување блиску до базиликата.

Категорија:Цркви во Будимпешта Категорија:Римокатолички цркви во Унгарија Категорија:Римокатолички катедрали во Унгарија Категорија:Базилики во Унгарија Категорија:Катедрали во Унгарија Категорија:Цркви од 20 век Б