Стрихнинот е алкалоид кој се добива од растението Strychnos nux-vomica. Ова растение вирее во Индија, Индокина, Индонезија и на северот на Австралија.
Чистиот стрихнин има облик на ромпски кристали со бела боја. Тој е многу горчлив и е без мирис. Молекулската тежина му изнесува 334,2. Точката на топење е 268oC. Специфичната тежина изнесува 1,359. 1 g на стрихнин е растворлив во 6.400 ml топла вода, во 3.100 ml зовриена вода, во 150 ml алкохол (зовриен) и во 5 ml на хлороформ. Многу малку се раствора во етер. Со киселините дава соли кои значително повеќе се раствораат во вода.
Употреба
Домородното население од Амазон го користи како отров на врвот на стрелите за да го убие пленот.
Соединението стрихнин сулфат се користи како авицид. Содржи 78% чист стрихнин. Исто така, стрихнинот се употребува и како родентицид.
Категорија:Алкалоиди Категорија:Растителни отрови Категорија:Невротоксини Категорија:Растителни токсини