Ричард Милхaус Никсон (англиски: Richard Milhous Nixon) ― 37. претседател на САД (1969–1974) и единствениот што дал оставка од таа функција. Претходно, бил потпретседател на САД (1953-1961) во администрацијата на претседателот Двајт Ајзенхауер.
Никсон бил избран во 1968 година, и првиот голем предизвик му била Виетнамската војна. Откако успешно договорил прекин на огнот и ги повлекол американските војници оттаму, практично ја завршил таа војна. Во следните години ги подобрил односите со СССР и НР Кина. Во домашната економија вовел контрола на платите и цените и го напуштил златниот стандард. Поради тие успеси, со големо мнозинство ги добил изборите за втор мандат во 1972.
Но, соочувајќи се со мошне веројатна осуда за улогата во аферата Вотергејт, бил принуден да даде оставка на 9 август 1974. Неговиот наследник Џералд Форд го помилувал за какви било федерални криминални дела кои можеби ги извршил додека бил претседател.
Животопис
Наводи
Надворешни врски
Службени мрежни места Животопис при Белата куќа Никсонова претседателска библиотека и музеј Фондација „Ричард Никсон“
Медиумска покриеност
"Life Portrait of Richard M. Nixon", Соединетодржавски претседатели: Животни портрети на C-SPAN, 19 ноември 1999
Останато
Есеи за Ричард Никсон, секој член на неговиот кабинет и првата дама од Милеровиот центар за јавни работи Ричард Никсон: Водич за ресурси од Конгресната библиотека „Претседателите: Никсон“ , документарец на American Experience
Лични ракописи на Ричард Никсон
Категорија:Претседатели на САД Категорија:Членови на Академијата на убавите уметности Категорија:Потпретседатели на САД