Манол Пандевски (Габрово, Струмичко, – Скопје, ) — македонски историчар и академик.

Дипломирал (1954) и докторирал (1965) на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил директор на Институтот за национална историја (1986–1987), дописен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1976, а редовен од 1981 година, главен уредник на проектот за повеќетомната историја на Македонија. Добитник е на многу високи награди, меѓу кои е и наградата „11 Октомври“ за животно дело.

Автор е на голем број статии и трудови. По повод неговото пензионирање, во 1987 година е објавен избор од научната дејност под наслов „Македонското ослободително дело во XIX и XX век“, во пет тома.

Библиографија

Категорија:Луѓе од Габрово (Струмичко) Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски академици Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски академици Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски уредници Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Професори од Струмица Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје