мини|Карта на Карибите Поимот Англофонски Кариби или Комонвелтски Кариби (англ. Anglophone Caribbean или Commonwealth Caribbean) се однесува на независните англоговорни земји во карипскиот регион. Историски, кога една земја ќе стекнела полна независност од Обединетото Кралство, постоела тенденција да се прифати поимот „Англофонски Кариби“ наместо дотогашниот поим „Британски Западни Инди“ (British Wes Indies).
Независните островски земји кои се сметаат за дел од Англофонските Кариби се:
Антигва и Барбуда Бахамите Барбадос Доминика (каде предоминира француски креол) Гренада (со некои говорници на француски креол) Јамајка Свети Китс и Невис Света Луција (каде предоминира француски креол) Свети Винсент и Гренадините Тринидад и Тобаго
Зависно од личното гледиште, поимот „Англофонски Кариби“ може да се однесува и на независните англоговорни земји кои се сметаат за „Континентални Кариби“. Вакви се:
Белиз, некогашен Британски Хондурас. Гвајана, некогашна Британска Гвајана.
Во некои случаи, тука можат да потпаднат и моменталните Британски прекуморски територии, иако обично тие се нарекуваат „Британски Западни Инди“. Тие се:
Ангвила Британски Девствени Острови Кајмански Острови Монтсерат Туркс и Кајкос
Во Англогфонските Кариби понекогаш се вбројуваат и:
Бермуда Свети Мартин Саба Свети Евстахиј Американски Девствени Острови
Бермуда честопати е исклучена од оваа класификација бидејќи се наоѓа во Северниот Атлантски Океан. Иако се наоѓаат на Карибите, Американските Девствени Острови и англоговорните острови на Холандските Западни Инди (Холандски Антили), исто така честопати не се вбројуваат бидејќи немаат британска колонијална историја. Бидејќи Холанѓаните немале за цел да ја наметнуваат својата култура на Холандските Антили, англискиот е доминантен и службен јазик (заедно со холандскиот) на Св. Мартин, Саба и Св. Евстахиј.
Поврзано Англоамерика Англосфера Британски Западни Инди Кариби Француски Кариби (за други делови на Карибите)
Категорија:Кариби Категорија:Британска Империја Кариби