Оваа статија се однесува на институтот за македонски јазик. За истоимениот деец, погл. Крсте Петков Мисирков.
мини|десно|200п|Лого на институтот за 50-годишнината Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ — регулативно тело на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје што се занимава со македонскиот јазик, неговата историја, граматика и развиток. Институтот е основан во март 1953 година за да се регулира стандардизирањето на македонскиот јазик и за да се организираат и контролираат студиите за македонскиот јазик. Создаден е како наследник на институтот за фолклор и литература. На почетокот на својот развој, институтот работел во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје, но набрзо се осамостоил во посебна и независна институција.
Оддели Денес, институтот се состои од пет оддели:
Оддел за историја на македонскиот јазик Оддел за стандарден македонски јазик Оддел за дијалектологија Оддел за македонска лексикологија и лексикографија Оддел за ономастика
Поврзано Македонистика Списание „Македонски јазик“ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Надворешни врски Официјално мрежно место на институтот
Македонски јазик Крсте Мисирков Категорија:Придружни членки на УКИМ Македонски јазик Категорија:Македонски јазик Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Појавено во 1953 година во Македонија