Нелсон Ролихлахла Мандела (африканс: Nelson Rolihlahla Mandela; - 5 декември 2013) — првиот демократски избран претседател на Јужноафриканската Република. Тој бил познат борец против апартхејдот во Јужна Африка и светски познат како борец за слобода.

Образование

Нелсон Мандела е роден во селото Тембу на 18 јули 1918. Неговиот татко бил главатар на селото. Кога наполнил 7 години станал првиот член на неговото семејство што бил пратен на училиште. Таму, неговиот методистички учител му го дал името „Нелсон“. На 16 години почнал да го посетува Институтот „Кларкбери Бординг“, каде што учел за западната култура. По матурирањето на Колеџот „Весли“ во Форт Бофорт, се запишал на Форт Харе универзитетот, каде што го сретнал Оливер Тамбо, со кого станал доживотен пријател. На крајот од првата година, поради учество во бојкотот на Претставничкиот совет на студентите, тој бил принуден да се префрли на Универзитетот на Јужна Африка во Јоханесбург.

Политичка активност

Во 1942 Мандела се приклучил на Африканскиот национален конгрес (АНК), а по две години, заедно со Валтер Сисулу, Оливер Тамбо и некои други, го основале неговиот Младински сојуз.

По победата на изборите од 1948 на Националната партија, која се залагала за политика на расна сегрегација, Мандела се истакнал во Кампањата за спротивставување на АНК од 1952 и во Конгресот на народот од 1955, кој усвоил “Повелба на слободата”, која била темел за анти-апартхајдската политика.

На почетокот Мандела се залагал за ненасилен отпор, но по масакрот во Шарпенсвил од март 1960, придружен со забрана на АНК и на другите анти-апартхејдски групи, Мандела и неговите соработници се одлучиле за вооружено делување со цел да се извојуваат промени.

Затворање

Во 1961 Мандела станал водач на вооруженото крило на АНК. Ја координирал кампањата на саботажи против воени, владини и цивилни цели и правел планови за можна герилска војна ако не се успее да му се стави крај на апартхејдот преку саботажите.

На 5 август 1962 бил уапсен и осуден на пет години затвор. По две години, при судскиот процес против многу истакнати водачи на АНК, при што речиси сите, а вклучително и Мандела, биле осудени на доживотен затвор.

Во годините што следеле, неговото затворање предизвикувало многу меѓународни осуди до апартхејдската влада во Јужна Африка, а неговиот углед постојано растел. Меѓу другото, во 1988 ја добил Сахаровата награда за слобода на говорот.

Поради големиот меѓународен притисок, владата во февруари 1985 му понудила на Мандела пуштање на слобода ако се откаже од вооружената борба, што тој го отфрлил. На крајот, на 11 февруари 1990 претседателот на Јужна Африка, Фредерик де Клерк, наредил негово ослободување и тргање на забраната за делување на АНК. Во 1993, Мандела и Де Клерк заедно ја добиле Нобеловата награда за мир.

Претседател на Јужна Африка

Во 1994 Мандела бил избран за прв црнечки претседател на Јужна Африка. Де Клерк бил назначен за заменик-претседател во Владата на национално единство. Мандела останал на чело на државата до 1999, по што станал претставник на многу организации за заштита на човековите права.

Смрт Мандела починал од инфекција на јазикот на 5 декември 2013 во неговиот дом во Хухтон, Јоханесбург опкружен од неговата фамилија. Мандела имал 95 години. Веста за неговата смрт ја објавил претседателот Џејкоб Зума. На 6 декември претседателот Зума прогласил национална жалост во период од десет дена.

Мандела како тема во популарната култура „Нелсон Мандела“ (англиски: Nelson Mandela) — песна на британската ска-група Спешлс (The Specials).YouTube, The Specials - Nelson Mandela (пристапено на 16.12.2017) „Мандела со златната коса“ (англиски: Mandella With The Golden Hair) — песна на британското електронско дуо The New London School Of Electronics од 1994 година.DISCOGS, The New London School Of Electronics* – The Deepest Cut (пристапено на 2.5.2025) „Ослободете го Мендела“ (англиски: Free Mendela) — песна на црногорскиот музичар Рамбо Амадеус од 1989 година.DISCOGS, Rambo Amadeus ‎– Hoćemo Gusle! (пристапено на 25.8.2019)

Наводи

Надворешни врски Ангел Панов „Нелсон Мандела: револуционерниот герилец кој ја доби Нобеловата награда за мир“

Категорија:Јужноафрикански политичари Категорија:Претседатели на Јужноафриканската Република Категорија:Добитници на Нобеловата награда за мир Категорија:Родени во 1918 година Категорија:Починати во 2013 година Категорија:Носители на Претседателскиот медал на слободата Категорија:Носители на Златниот медал на Конгресот Категорија:Јужноафрикански нобеловци Категорија:Апсолвенти на Лондонскиот универзитет