Настани 1760 — Џорџ III е крунисан за британски крал. 1762 — во Русија на власт дошол царот Петар III, кој бил убијен само после шест месеци владеење. 1762 — убиениот руски цар Петра III го наследила неговата жена Катерина II, позната како Катерина Велика. 1763 — завршила Седумгодишната војна меѓу Обединетото Кралство и Франција, после која Франција морала на Обединетото Кралство да му ги препушти своите поседи во Канада. 1764 — Сикулицидиум, колеж на Секељите во Мадефалви. 1768 — Гурките го покориле Непал. 1769 — Џејмс Кук ги истражувал и картирал бреговите на Нов Зеланд и Австралија. 1769 — почеток на Големиот глад во Бенгал, кој за четири години убил третина од населението на Бенгала.
Личности Родени 1760 — родена Дора Сток, германска сликарка. 1760 — роден Папа Лав XII, римски папа од 28 септември 1823 до 10 февруари 1829. 1760 — роден Клод Анри де Сен-Симон, француски социјалист, утопист и филозоф. 1761 — роден Блазиус Мерем, германски природонаучник, зоолог, орнитолог и херпетолог. 1761 — роден Папа Пиј VIII, римски папа од 31 март 1829 до 30 ноември 1830. 1761 — роден Селим III, дваесет и осми султан на Отоманското Царство во периодот од 7 април 1789 до 29 мај 1807. 1761 — роден Филипо Буонароти, италијански утописки социјалист, писател, агитатор, масон и заговорник. 1761 — роден Готлоб Ернст Шулце, германски филозоф, претставник на скептицизмот. 1762 — роден Антим III Цариградски, вселенски патријарх во периодот од 1822 до 1824 година. 1762 — роден Антон Бернолак, словачки јазичар и католички свештеник и создавач на првиот стандард за словачкиот јазик. 1762 — роден Јохан Готлиб Фихте, германски идеалистички филозоф. 1762 — роден Андре Шенје, француски поет. 1762 — роден Џеремаја Бенџамин Рихтер, германски хемичар. 1763 — родена Жозефина де Боарне, првата жена на францускиот војсководец и цар Наполеон Бонапарт. 1763/1764 — роден Мехмед Саид Галип-паша, османлиски државник, голем везир од 13 декември 1823 до 14 септември 1824. 1764 — роден Елизабета Француска, сестра на кралевите Луј XVI, Луј XVIII и на Шарл X. 1765 — роден Вилијам IV, бил крал на Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска и на Хановер од 26 јуни 1830 па сè до неговата смрт. 1765 — роден папа Григориј XVI, римски папа од 2 февруари 1831 до 1 јуни 1846. 1765 — роден Јохан Фридрих Пфаф, германски математичар. 1765 — роден Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач. 1765 — роден Жозеф Ниепс, француски хемичар. 1766 — роден Џон Далтон, англиски хемичар и физичар. 1766 — родена Ана де Стал, француска пистелка. 1767 — роден Џон Квинси Адамс, дипломат, политичар и шестиот претседател на дипломат, политичар и шестиот претседател на САД. 1767 — роден Вилхелм фон Хумболт, пруски филозоф, владин функционер, дипломат и основач на Универзитетот Хумболт во Берлин. 1767 — роден Ендру Џексон, седмиот претседател на САД. 1768 — роден Жозеф Бонапарт, крал на Неапол и крал на Шпанија. 1768 — роден Жозеф Фурје, француски математичар и физичар. 1768 — роден Хрисант Цариградски, македонски свештеник на Цариградската патријаршија и вселенски патријарх од 1824 до 1826 година. 1768 — роден Франсоа Рене де Шатобријан, француски политичар, дипломат, историчар и писател кој претставува предвесник на романтизмот во Франција. 1769 — роден Агатангел Цариградски, вселенски патријарх во периодот од 1826 до 1830 година, а претходно бил и митрополит во Белград во периодот од 1816 до 1825 година. 1769 — роден Артур Велсли Велингтон, прв војвода од Велингтон, британски аристократ, маршал (генералисимус) и државник. 1769 — роден Жорж Кивје, француски природонаучник и барон. 1769 — роден Кирил VI Цариградски, вселенски патријарх во периодот од 1813 до 1818 година. 1769 — роден Иван Андреевич Крилов, руски поет и баснописец. 1769 — роден Мухамед Али Паша, отомански албански командант во османлиската армија кој успеал да стигне до позицијата валија и да се прогласи за управител на Египет и Судан во првата половина на XIX век. 1769 — роден Наполеон Бонапарт, француски император, основоположник на многу реформи на Француската револуција. 1769 — роден Александар фон Хумболт, германски географ и природонаучник. 1769 — роден Коџа Хусрев Мехмед-паша, османлиски капудан-паша („голем адмирал“) на Османлиската морнарица и државник кој се издигнал на позицијата голем везир подоцна во неговата кариера, во периодот меѓу 2 јули 1839 и 8 јуни 1840 година за време на владеењето на Абдулмесид I.
Починати 1761 — починат Стивен Хејлс, англиски физиолог, хемичар и пронаоѓач. 1762 — почината Елисавета Петровна, царица на Русија во периодот од 1741 до 1762 година. 1762 — починат Јохан Тобијас Кребс, германски оргулар и композитор од времето на барокот. 1762 — починат Петар III, император на Русија во продолжение на неколку месеци во текот на 1762 година и основоположник на династијата Холштаин-Готорп-Романов. 1762 — починат Џејмс Бредли, англиски астроном. 1763 — починат Пјер Мариво, француски писател. 1764 — починат Иван VI, император на Русија во периодот од 1740 до 1741 година. 1764 — почината Мадам де Помпадур, љубовница на Луј XV, прочуена по својата убавина и смисла за хумор. 1765 — починат Алекси Клеро, француски математичар, астроном, геофизичар и интелектуалец. 1765 — починат Михаил Ломоносов, руски научник, писател, академик, енциклопедист. 1765 — починат Франц I, владетел од Лотариншката династија како цар на Светото Римско Царство (1745-1765), надвојвода на Австрија (1740-1765), војвода од Тоскана (1737-1765) и војвода од Лорена (1729-1737). 1766 — починат Доминикус Цимерман, германски архитект. 1768 — починат Каналето, венецијански пределен уметник. 1769 — починат папа Климент XIII, римски папа од 16 јули 1758 до 2 февруари 1769. 1769 — починат Антоан Франсоа Прево, француски писател.
Откритија
...
Категорија:18 век Категорија:1760-ти