Црна магија е форма на магија што користи зли сили. Таа се користи со зли намери и најчесто предизвикува штета на било кој начин. Се смета за темната страна на магијата. Црната магија се користи за освета: да се убие, да се повреди, да се предизвика несреќа или уништување на некого.

Црна и бела магија Спротивна на црната магија е белата магија. Разликата меѓу нив е дискутабилна. Теоријата главно го вели следново: Сите форми на магија („бели“ или „црни“) се лоши или спаѓаат во црна магија. Ваквото сфаќање црната магија ја поистоветува со сатанизмот. Темната страна на магијата се однесува на заборавени аспекти од природата и луѓето, и не мора секогаш да вклучува зла намера. Црната магија ги користи силите на мракот, и според тоа се разликува од белата магија.

Црната магија како тема во уметноста и во популарната култура „Црна магија“ (англиски: Black Magic) — песна на американската хеви-метал група Слеер (Slayer).YouTube, Slayer - Black Magic (пристапено на 22.12.2017) „Жена со црна магија“ (англиски: Black Magic Woman) — песна на американската рок-група Флитвуд Мек од 1968 година.YouTube, Fleetwood Mac - Black Magic Woman, Stereo 1968-73 CBS 45 record. (пристапено на 20.9.2019)

Поврзано

Магија Некромансија Вештерки Волшебник Неопаганство Сексуална магија

Наводи

Категорија:Окултизам Категорија:Мистицизам Категорија:Магија