Мека () — најнаселената покраина во Саудиска Арабија која се наоѓа во западниот дел од земјата, и има долго крајбрежје. Зафаќа површина од 164,000 км² и има население од 5.797.971 жители (попис од 2004). Главен град е светиот град Мека, но најголем е Џеда, кој е исто така главното пристаниште во земјата. Гувернер на покраина е принцот Халид ел-Фејсал, син на претходниот крал Фејсал.
Надворешни врски Покраина Мека - службен портал
Категорија:Покраини во Саудиска Арабија