thumb|right|270px|Стара разгледница. Може да се забележи пониската купола. Судска палата во Брисел (хол. Justitiepaleis van Brussel, фр. Palais de justice de Bruxelles) — најважното судско здание во Белгија како и значајна знаменитост на градот Брисел. Изградена е во периодот помеѓу 1866 и 1883 г. во еклектичен стил, дело на архитектот Жозеф Пуларт. Вкупиот трошок за нејзината изградба, земја и опремување изнесувал околу 45 милиони белгиски франци. Се смета за најголемото неверско здание подигнато во XIX век.

Историја Почетоци Во 1860 г., бил организиран меѓународен архитектонски конкурс за нацрт на судска палата. Било решено дека поднесените нацрти се неприфатливи и сите учесници биле одбиени. Во 1861 г., тогашниот министер за правда, Тес, го назначил Жозеф Пуларт за одговорен архитект за зградата. Првиот камен-темелник е удрен на 31 октомври, 1866, а било отворено по смртта на неговиот архитект, на 15 октомври, 1883 г. Со цел да се обезбеди место за зградата, бил срушен голем дел од градското соседство Маролен. На нивно големо негодување, Пуларт во соработка со полицијата ги приморувал месните жители да се отселат, по што зборот „архитект“ оттогаш добил погрдно и навредливо значење. Палатата е сместена на ридот Галгенберг, каде во средниот век се беселе осудениците.

Реновирање Кон крајот на Втората светска војна, вечерта пред денот на ослободувањето на Брисел, Германците во повлекување започнале да пукаат по судската палата со намера да ја уништат. Како резултат на ова куполата се срушила, а еден дел од зградата бил тешко оштетен. До 1947 г. најголемиот дел од зградата бил поправен, а куполата била одново изградена, но овој пат 2,5 м повисока од претходно.

Од 2003 г. е започнато реновирање на зданието. Овој проект има за цел да ја зајакне покривната конструкција и ѕидовите, како и поставување на нов слој позлата врз куполата.

Димензии Судската палата во Брисел е поголема од базиликата Свети Петар во Рим. Зградата е со димензии 160 на 150 метриУНЕСКОво светско наследство: Бриселската судска палата , а изградената површината на градбата изнесува 260.000 м2. Куполата е висока 104 метриГрадби: Бриселската судска палата и тежи 24.000 тони. Палатата има 8 внатрешни дворишта со површина од 6000 м2, 27 големи судници и 245 помали, покрај разните други простории. Сместена е на рид, изградена на различни нивоа на теренот, така што разликата помеѓу предниот и задниот дел на зградата изнесува 20 м. Заради оваа разлика палатата има повеќе влезови на различни катови.

Влијание Адолф Хитлер бил страстен обожавател на оваа зграда, и затоа во соработка со Алберт Шпер подигнал неколку монументални зданија по урнек на планот на оваа зграда. Повеќе на: Нацистичка архитектура.

Иако без купола, и многу помала по димензии, палатата на Врховниот суд на Перу во Лима, Перу е заснована на бриселската судска палата.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Судска палата — Брисел

Категорија:Згради и градби во Белгија Категорија:Згради и градби во Брисел Категорија:Судски згради