Жозеф Пуларт (хол. Joseph Poelaert; 21 март 1817 – 3 ноември 1879) — белгиски архитект. Неговите најистакнати дела се Судската палата во Брисел, Столбот на конгресот, црквата „Св. Катерина“ во Брисел, Богородичната црква во Лакен.

Пулард ја предводел и реставрацијата на Кралскиот театар на ковницата во Брисел по пожарот во 1855 г. Негово дело е и величествената сала на овој театар, која се користи и денес.

Занимливости Жителите на Маролен, соседство веднаш до судската палата го нарекувале Пуларт „расипаниот архитект“ (Skieven Architect) бидејќи неретко со полиција ги истерувал луѓето од нивните куќи за да направи место за судската палата.

Надворешни врски

Градежни планови од Судската палата во Брисел — портал „Градежна управа“

Дела

Категорија:Белгиски архитекти Категорија:Луѓе од Брисел Категорија:Витези на Легијата на честа