мини|десно|Мајчина душичка (Thymus serpyllum)
Матерка () — со околу 350 видови на ароматични многугодишни растенија и полугрмушки високи до 40 см, кои припаѓаат на семејството на усноцветните растенија. Членовите потекнуваат од умерените региони на Европа, Северна Африка и Азија. Стеблата се тенки и жичести, а листовите се многугодишни кај повеќето видови, наредени наспрамно, овални, целосни и мали, долги 4–20 mm и најчесто ароматични. Цветовите се групирани во густи терминални главички, со нееднаква чашка, кај која горната усна е троделна, а долната е расцепена. Венчето е цевчесто, долго 4-10 мм, бело, розово или лилјаково.
Неколку видови од овој род се одгледуваат како кулинарски билки или украсни растенија. Најпознати растенија од овој род се мајчината душичка (Thymus serpyllum) и тимјанот (Thymus vulgaris).
Видовите од родот на матерката се користат како храна од страна на ларвите на некои пеперутки (Chionodes distinctella) и тврдокрилците C. lixella, C. niveicostella, C. serpylletorum и C. struella, од кои последните три се хранат исклучително со матерка.
Ендемски видови во Македонија Во Македонија виреат неколку ендемски видови од овој род:
алшарска матерка (Thymus alsarensis) Емова матерка (Thymus oehmianus) караџичка матерка (Thymus karadzicensis) скопска матерка (Thymus skopjensis)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Усноцветни Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј