Аргентина, офиц. Аргентинска РепубликаДипломатски претставништва на Република Македонија во Јужна Америка mfa.gov.mk () — држава во Јужна Америка, сместена меѓу Андите на запад и Атлантскиот Океан на исток. Се граничи со Парагвај и Боливија на север, Бразил и Уругвај на североисток и Чиле на запад. Главен град на државата е Буенос Аирес, каде живее повеќе од една четвртина од населението кое брои (39.144.753 жители).
Потекло на поимот
Името на Аргентина доаѓа од латинскиот збор argentum (сребро). Тој збор влече корени од старогрчкиот збор ἀργήντος (argēntos), "бело, сјајно". Αργεντινός е старогрчки епитет што значи "сребрен". Првите кои го употребиле зборот Argentina се Шпанските и Португалските колонизатори на Рио де Ла Плата во 16 век. Рио де Ла Плата значи "Сребрена Река" на шпански јазик.
Историја
Периодот пред Колумбо мини|лево|200px|Пештерата на рацете во покраината Санта Крус, со слики кои датираат од пред 13,000–9,000 години
Територијата на денешна Аргентина била ретко населена пред доаѓањето на европските колонисти. Индијанскиот народ Диагуита живеел на овие простори во денешна северозападна Аргентина, во соседство со Империјата на Инките, а недалеку, односно источно живеел и опстојувал народот Гварани.
Колонијална ера
Првите Европејци на оваа територија стапнале во 1502 година, на чело со Америго Веспучи. Шпанците основиле стална колонија на местото каде денеска се наоѓа престолнината на Аргентина, Буенос Ариес во 1580 година, како дел од Вицекралството Перу. Вицекралството било формирано во времето на Карло V, цар на Светото Римско Царство на 20 ноември 1542 година со потпишувањето на кралскиот декрет во Барселона. Веднаш по ова започнала граѓанската војна помеѓу Франсиско Писаро и Диего де Алмагро за тоа кој да управува со Перу.
По создавањето на Вицекралството Рио де ла Плата во 1776 година, Аргентина заедно со денешните земји Парагвај, Уругвај и голем дел од Боливија биле вклучени во нејзиниот состав. Престолнина на вицекралството бил градот Буенос Аирес, кој станал голем трговски и финансиски центар. Ова вицекралство било формирано во 1776 година по неизиното одвојување од Вицекралството Перу. Целта на формирањето била заштита на шпанските колонии од се почестите англиски и португалски амбиции за овој регион.
Независноста и граѓанските војни мини|лево|200px|Портрет на генерал Жозе де Сан Мартин, ослободител на Аргентина, Чиле и Перу
Веќе во 1810 година започнало пропаѓањето на вицекралството по објавувањето на независност на Аргентина и Уругвај во 1810 година под името Соединетите покраини на Рио де ла Плата а во 1816 година објавила и независност, потоа Парагвај во 1811 година, Боливија во 1825. Уругвај пак во периодот од 1816 до 1828 година се борел против Бразил и Португалија кои сакале оваа територија да ја приклучат кон нивната држава.
Во втората половина на 19 век, Аргентина се развила главно поради својата добра географска положба и пред сè излегувањето на море. Во периодот од 1865-1870 година, Аргентина заедно со Бразил и Уругвај воделе војна против Парагвај.
Перонизам thumb|175px|Официјалниот претседателски портрет на Хуан Доминго Перон и неговата сопруга Ева Перон, 1948|alt= Во текот на модерната историја на Аргентина, на чело на земјата застанале поголем број на избрани власти и воени диктатури. Социјалните и политичките прилики довеле до доаѓање на власт на Хуан Доминго Перон во 1946 година. Самиот Перон спровел агресивна политика во земјата, главно насочена кон зајакнување на земјата. Хуан Доминго Перон на власт се задржал до 1955 година, кога на негово место застанал со воен удар Едвардо Лонарди. Перон бил принуден во прогонство и покрај тоа што останал многу популарен во земјата.
Во текот на 1960-тите, власта се обидела да се соочи со проблемите околу економскиот раст на земјата и социјалните проблеми. Во следните години владееле голем број на немири помеѓу приврзаниците на Перон и неговите непријатели. Така, на крај Перон се вратил од прогонство и на изборите во 1973 година победил на изборите. Тој починал во 1974 година, а власта по ова била преземена од страна на милитаристите. Земјата и во следните години се соочила со неповолната економска состојба.
Валканиот период Овој период од историјата на Аргентина е познат и како гнасен или валкан период, во кој биле убиени и затворени голем број на неистомисленици на воената диктатура, проследено преку кршење на основните човекови права. Се смета дека жртви на режимот биле околу 10.000 до 30.000 население. Сепак, милитаризмот на Аргентина дошол во криза главно поради нерешените економски проблеми на народот.
Во 1982 година се водела Фолкландската војна помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство за спорните Фолкландски острови, Јужна Џорџија и Јужните Сендвички острови. Во времето пред војната, Аргентина била зафатена од голема економска криза и граѓански немири против воената хунта која владеела од 1976. Аргентинската воена власт настојувала да ја задржи моќта преку пренасочување на вниманието на јавноста на вековниот спор со Британија околу суверенитетот на островитеhttp://www.me.gov.ar/curriform/publica/sirlin_conv_dictadura.pdf Argentine Government, но не очекувала дека Британија ќе одговори со воена сила. Суверенитетот на Фолкландските острови е предмет на тензии кој ескалирал кога на 19 март група најмени аргентински трговци го истакнале знамето на Аргентина на Јужна Џорџија, што подоцна било сметано за првиот офанзивен акт во војната. Аргентинската воена хунта, сметајќи дека Британија може да го засили военото присуство во јужниот Атлантик, ја наредила инвазијата на островите за 2 април. Веста за инвазијата најпрво стигнала во Британија преку аматерско радио.BBC NEWS | UK | How BBC man scooped invasion news Британија најпрво била изненадена од нападот на Аргентина, и покрај повеќекратните предупредувања од своите морнарички офицери за можната инвазија. Само неколку недели подоцна, Британците започнале поморска и воздушна офанзива, и за кусо време ги зазеле островите и ги заробиле сите аргентински војници што биле стационирани на нив.
По крајот на војната, под голем притисок на јавноста, во Аргентина конечно биле вратени политичките слободи па од 1983 година биле распишани демократски избори.
Географија
Аргентина зафаќа површина од 2.766.889 км2, од кои 2.736.691 км2 на копно и 30.200 км2 на вода. Аргентина е приближно 3.700 км долга од север до југ, и 1.400 км од исток до запад. Земјата, географски може да биде поделена на четири делови: од плодните полиња на пампас во центарот на државата, изворот на аргентинското земјоделско богатство; рамната, богата со нафта висорамнината Патагонија во јужната половина на Огнената Земја; Суппропските рамнини на Гран Чако во северот; и верижниот Андите во должина на западната граница на Чиле.
Највисоката точка на Аргентина е сместена во Мендоса. Аконкагва, на 6.962 метри е највисоката планина во Јужна Америка и во западната полутопка. Најниската точка е Лагуна дел Кабон во Санта Крус, −105 метри под морскота ниво. Ова е најниската точка во Јужна Америка.
Земјата има терироријална претензија врз дел од Антарктикот (непризнаена од ниедна земја) каде, од 1904 г. до денес има постојано присуство.
Флора и фауна
Пампас Рамнините западно и јужно од Буенос Аирес. Наречени влажна пампа, тие покриваат повеќето од покраини на Буенос Аирес и Кордоба, и големи делови од покраините Санта Фе и Ла Пампа западниот дел од Ла Пампа и покраината Сан Луис исто така имаат рамнини (сувата пампа).
Гран Чако
Регионот Гран Чако во северот на земјата има суви/мокри сезони. Најмногу со плантажи за памук. Ги покрива покраините Чако и Формоса. Покриена е со суптропски шуми, тундри и некои мочуришта, и голем број на растениски и животински врсти. Покраината Сантјаго дел Естеро лежи во посув регион на Гран Чако.
Месопотамија
Земјата помеѓу реките Уругвај и Парана е наречена Месопотамија и е поделена помеѓу покраините Кориентес и Ентре Риос. Има рамнини поволни за растење на растенија и Ибера мочуриштата и централните Кориентес. Покраината Мисионес е повеќе тропска и припаѓа на бразилските висорамнини има суптропски дождовни шуми и водопадите Игуасу.
Патагонија
Степите на Патагонија во покраините Неукен, Рио Негро, Чубут и Санта Крус се од трето потекло, повеќето од регионите се пустински. Огнената Земја е ладна и мокра. Северна Патагонија може да се сретне и под името Комахуе.
Западноцентралната Аргентина е доминирана од огромните планини Андите. На нивниот исток има еден регион познат како Кујо. Топењето на водите од височините на планините создале оази на центарот на богато со овошје и вино во покраините Мендоса и Сан Хуан. Подалечните северни региони стануваат се потопли и се посуви.
Реки и езера
Поголемите реки во Аргентина се: Пилкомајо, Парагвај, Бермејо, Колорадо, Рио Негро, Соладо, Уругвај и најголемата Парана. Последните две се соединуваат пред да се влеат во Атлантскиот Океан, формирајќи ја Рио Де Ла Плата. Регионално најважните реки се Ауел и Мендоса во истонаречената покраина Чубут во Патагонија, Рио Гранде во Хухуј и Сан Франциско во Солта.
Има неколку големи езера во Аргентина повеќето од нив во Патагонија. Заедно со нив се Аргентино и Виедма во Санта Крус, Нахуел Хуато во Рио Негро, Фагноно во Огнена Земја, Кохуе Хуати и Мустерс во Чубут. Езерата Буенос Ариес и О’Хигнис/Сан Мартин се поделени со Чиле. Кордоба се најголемите Солени езера во земјата.
Брегови и мориња
Аргентина има 4.665 км долг брег. Континенталната платформа е необично долга; Во Аргентина ова плитко место во Атлантскиот Океан се вика Мар Аргентино. Водите се богати со риби и се сомнева дека во неа се има важно хидројаглеродно богатство. Аргентинскиот брег варира помеѓу места со песочни плажи и со гребени. Две поголеми океански струи влијаат на брегот се Топлата бразилска струја и Ладната фокландска струја. Поради различната брегова височина, двете струи го зголемуваат или намалуваат своето влијаење и не дозволуваат тампературата да се намалува правопропорционално со височината. Јужните брегови на Огнената Земја го формираат северниот брег на Дракенскиот Премин.
Клима
Поради лонтудата и елевацијата на амплитудите, Аргентина е земја со разновидна клима. Како по правило, климата е со голема лепеза на температури од суптропски на север до субполарни на југ. Северот на земјата е карактеризиран со многу жешки суви лета со млаки и влажни зими, исто така и со периодични суши. Централна Аргентина има жешки лета со бури и ладни зими. Јужните региони имаат топли лета и ладни зими проследени со многу снег, посебно во планинските предели.
Најжешката и најладната температура забележани во Јужна Америка се случиле во Аргентина. Рекордно жешко било во Вила Де Марија во Кордоба, на 2 јануари 1920 година, кога температурата изнесувала 49.1 °C. Најниската температура која била забележана била -39 °C во Вале де лос Патос, во Сан Хуан, на 17 јули 1972 година. Поголеми ветрови во Аргентина се ладниот Памперо кој дува на рамнините на Патагонија и во Пампас, Виенто Норте, топол ветер што дува на северот во средината или касна зима создавајќи благи услови. Зонда жежок сув ветер кој дува во западно-централна Аргентина. Исцедени од сите влаги за време на 6,000 метарското спуштање од Андите. Зонда може да дува со часови со брзина до 120 милји на час. Кога дува Зонда(јуни-ноември), на повисоките места се јавуваат снежни бури.
Суестада или Југоисток е слична на Нореастер, иако ретко паѓа снег. Двете се одликуваат со длабоко зимски низок притисок. Најчесто се појавува со доцна есен и зима по должината на бреговите на централна Аргентина најчесто во Рио де ла Плата. Во јужните региони обично на далечниот југ, од ноември до февруари се појавува феноменот на повеќе дневна светлина (до 19 часови) и продолжени ноќи од мај до август.