right|thumb|325px|Централната зграда на БАН, сликана околу 1930 година.
Бугарската академиjа на науките (бугарски: Българска академия на науките, скратено БАН) е автономна државна организациjа за научни истражувања во Бугарија.
Историjа Бугарската академија на науките е формирана како "Бугарско книжевно друштво" (БКД) во градот Браила во Романија на 26-30 септември 1869 година. По создавањето на Кнежевство Бугарија во 1878 БКД се преместува во новата бугарска метропола Софија, а на 6 март 1911 го менува името на денешното "Бугарска академија на науките". Во периодот 1925-1929 е изградена денешната централна зграда на академиjата, која се наоѓа до Народното собрание на Бугарија и катедралата Храм-споменик Свети Александар Невски. Меѓу наjистакнатите членови на БАН биле Кузман Шапкарев, Ефрем Каранов, Иван Снегаров, Теодосиј Гологанов, Иван Георгов, Љубомир Милетич, Благоj Шклифов. Во 2006 година БАН вклучувала 86 научни институти и централна администрациjа со општ број на вработените околу 8 400 луѓе.
Научни центри
Во рамките на БАН функционираат следните институти:
Математички науки Институт за математика и информатика Институт за механика Институт за паралелна обработка на информацијата (поранешен ЦЛПОИ) Национална лабораториjа за компјутерска вирусологиjа
Физички науки Институт за јадрени истражувања и јадрена енергетика Институт за физика на тврдото тело Институт за електроника Институт за астрономија Централна лабораториjа за сончева енергиjа и нови енергетски извори Централна лабораториjа за приложна физика - Пловдив Централна лабораториjа за оптичен запис и обработка на информација
Хемиски науки Институт за општа и неорганска хемија Институт за органска химиjа со Центар за фитохемиjа Институт за физо-хемиjа Институт за катализи Институт за електрохемиjа и енергетски системи (поранешен ЦЛЕХИТ) Институт за инженерска хемиjа Централна лабораториjа за фотопроцеси Институт за полимери
Биолошки науки Институт за молекуларна биологиjа Институт за генетика Институт за невро-биологиjа Институт за физиологија на растениjата Институт за микробиологиjа Институт за ботаника Институт за зоологиjа Институт за експериментална морфологиjа и антропологиjа (со музеј) Институт за шуми Институт за експериментална патологиjа и паразитологиjа Институт за биологиjа и имунологиjа на размножувањето Институт за биофизика Национален природонаучен музеj Централна лабораториjа за биомедицинско инженерство Централна лабораториjа за општа екологиjа
Науки за Земjата Геолошки институт Гео-физички институт Национален институт за метеорологиjа и хидрологиjа Централна лабораториjа за виша геодезиjа Централна лабораториjа за минералогија и кристалографиjа Институт за океанологија Географски институт Институт за вселенски истражувања Централна лабораторија за сончево-земиjни дејства Централна лабораториjа за сеизмичка механика и сеизмичко инженерство Институт за водни проблеми
Инженерни науки Институт за мателство Централна лабораториjа за физико-хемичка механика Институт за компjутерски и комуникациски системи Институт за информатички технологии Институт за управување и системски истражувања Централна лабораториjа по мехатроника и приборо-градење Институт за хидро и аеродинамика
Хуманитарни науки Институт за бугарски јазик Институт за литература Институт за историjа Институт за тракологиjа Национален археолошки институт со музеj Институт за балканистика Етнографски институт со музеj Институт за уметност Институт за фолклор Кирило-Методиевски научен центар Центар за архитектура
Општествени науки Институт за социологиjа Институт за правни науки Економски институт Центар за наука и историjа на науката Институт за психологиjа Центар за истражување на населението Институт за филозофски истражувања
Академиjата исто така поседува сопствена издавачка куќа - Академска издавачка куќа "Проф. Марин Дринов" .
Претседатели
Марин Дринов 1869–1882 Васил Стојанов 1882–1884 Марин Дринов 1884–1894 Васил Друмев 1894–1898 Иван Евстратиев Гешов 1898–1924 Љубомир Милетич 1926–1937 Богдан Филов 1937–1944 Димитар Михалчев 1944–1947 Тодор Павлов 1947–1962 Љубомир Крстанов 1962–1968 Ангел Балевски 1968–1988 Благовест Сендов 1988–1991 Јордан Малиновски 1991–1996 Иван Јухновски 1996–2008 Никола Сботинов 2008–2012 Стефан Додунеков 2012 Стефан Воденичаров 2012–2016 Јулијан Ревалски 2016–2024 Евелина Славчева 2024–денес
Извори
Надворешни врски Официjална страница на БАН Историjа на БАН на Официjалната страница на БАН
Категорија:Бугарска култура Категорија:Згради и градби во Софија Категорија:Образованието во Софија