„Кудуз“ е југословенски филм од 1989 година, во режија на Адемир Кеновиќ, кој е автор и на сценариото, заедно со Абдулах Сидран. Главните улоги ги играат: Слободан Ќустиќ, Снежана Богдановиќ, Бранко Ѓуриќ, Божидар Буњевац, Ивана Легин и Мустафа Надаревиќ. Музиката за филмот ја компонирал Горан Бреговиќ.
Синопсис Во мрачниот амбиент на градската периферија започнува приказната за локалната заводничка која се мажи за поранешниот затвореник Кудуз (го игра Ќустиќ), човек кој е растргнат од страстите. Почетните несогласувања и кавги меѓу младенците неизбежно водат кон трагичен крај на оваа врска и Кудуз извршува злосторство. За време на оваа бурна врска се одвива благородната и чиста љубов меѓу Кудуз и неговата петгодишна паштерка.Кудуз (пристапено на 7.9.2023)
Наводи
Категорија:Филмови со Мустафа Надаревиќ Категорија:Филмови со Бранко Ѓуриќ Ѓуро Категорија:Филмови со Слободан Ќустиќ Категорија:Филмови со Снежана Богдановиќ Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на Адемир Кеновиќ Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови од 1989 година Категорија:Филмови со Радмила Живковиќ Категорија:Филмови со Боро Стјепановиќ Категорија:Филмови со Амина Беговиќ Категорија:Филмови со Заим Музаферија