Жан Рене Лакост - бил познат француски тенисер и стопанственик, наречен „крокодилот“ од навивачите поради своето кавгаџиство на теренот. Денес е најпознат како основач на марката на спортска опрема „Лакост“ со знакчето на алигаторот.

Во периодот од 1920-1930 бил еден од најдобрите светски тенисери и број еден во 1926 и 1927. Во 1933 ја основал фирмата за спортски маички со Андре Гилие. Во 1963 вовел револуција во технологијата на тениските рекети со употребата на челични цевки за рамот, наместо дотогаш стандардните дрвени рамки.

Гренд слем резултати Отворено првенство на Франција Шампион поединечно: 1925, 1927, 1929 Финалист поединечно: 1926, 1928 Шампион во двојки: 1925, 1929 Финалист во двојки: 1927

Вимблдон Шампион поединечно: 1925, 1928 Финалист поединечно: 1924 Шампион во двојки: 1925

Отворено првенство на САД Шампион поединечно: 1926, 1927 Финалист во мешани: 1926, 1927

Надворешни врски Официјална страница на компанијата Лакост

Категорија:Француски тенисери Категорија:Модни творци Категорија:Офицери на Легијата на честа