Спомен-дом на културата „Благој Јанков Мучето — меморијален музеј и објект на културното наследство посветен на народниот херој Благој Јанков - Мучето. Се наоѓа во центарот на Струмица, во близина на Малиот градски парк. Таа е едноспратна приземна куќа со четири соби од кои две се во битов дел, односно со автентични етнолошки предмети од времето кога во неа живеел Благој Јанков. Другите две соби се преуредени во постојана поставка со фотографии, лични предмети и одликувања, со цел визуелно да се прикаже животот и делото на Благој Јанков - Мучето.
Меморијалниот Музеј бил отворен на 14 јули 1964 година, годишнина од загинувањето на херојот.
Во 2025 година, Спомен-куќата била целосно реконструирана и санирана, при што ѝ бил вратен автентичниот изглед. Биле поставени современи музејски витрини и збогатена постојната музејска поставка, со што биле подобрени условите за изложување и заштита на предметите. Во рамките на проектот бил изграден и помошен објект за презентации, промоции и едукативни работилници, а бил уреден и просторот околу музејот. Вредноста на проектот изнесувала 2,5 милиони денари, а реконструираната Спомен-куќа била повторно отворена на 25 септември 2025 година.
Наводи
Категорија:Музеи во Струмица