„Врзи ме!“ ( е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар од 1989 година. Тој е автор и на сценариото, а во главните улоги настапуваат: Антонио Бандерас, Викторија Абрил, Лолес Леон, Франсиско Рабал, Хулиета Серано, Марија Баранко и Роси де Палма. На Берлинскиот филмски фестивал во 1990 година, Алмодовар бил номиниран за главната награда, „Златна мечка“; исто така, филмот бил номиниран за наградата „Феликс“ во категоријата најдобар филм на странски јазик; имал 15 номинации за шпанската награда „Гоја“; а бил номиниран и за француската награда „Сезар“ во категоријата најдобар странски филм.Ciklus filmova Pedra Almodovara: Veži me!, španjolski film (пристапено на 5.12.2022) Поради темата на киднапирањето, филмот бил осуден од групите на женски права во Шпанија и во САД, како и од германските феминисти.
Синопсис Рики (го игра Бандерас), младо момче кое е штотуку отпуштено од психијатриска болница, веднаш ја посетува својата голема љубов Марина (ја игра Абрил), поранешна глумица во порнографски филмови и наркоманка. Меѓутоа, таа не се сеќава на Рики. Решен да ја натера Марина да го засака, тој ја врзува, сигурен дека таа наскоро ќе му ја возврати љубовта. Најпосле, таа се вљубува во него, но сѐ уште се смета за негова затвореничка, па му вели да ја држи заврзана за да не може да избега. Потоа, Марина успева да избега со помош на сестра ѝ Лола, но на крајот таа и Рики повторно се среќаваат.
Надворешни врски
Категорија:Шпански филмови Категорија:Филмови на Педро Алмодовар Категорија:Филмови со Антонио Бандерас Категорија:Филмови со Викторија Абрил Категорија:Филмови со Лолес Леон Категорија:Филмови со Франсиско Рабал Категорија:Филмови со Хулиета Серано Категорија:Филмови со Марија Баранко Категорија:Филмови со Роси де Палма Категорија:Филмови од 1989 година Категорија:Филмови на шпански јазик Категорија:Филмски комедии