мини|десно|265п|Бенјамин Клајбринк на Европското првенство во мечување 2007
Бенјамин Клајбринк (герм. Benjamin Philip Kleibrink, р. 30 јули, 1985 во Крефелд) — германски мечувалец во дисциплината флорет.
Неговото најголемо достигнување е освојувањето на златниот медал во дисциплината поединечен флорет во машка конкуренција на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг. На овој натпревар тој ги поразил Кента Чида (15-10), Леј Шенг (15-7), Џу Џин (15-4), а на крај, во финалето и Јуки Ота (15-9). Клајбринк освоил второ место на Европското првенство во мечување во 2007 кога бил поразен со 15-13 од италијанецот Андреа Балдини. Освоил и бронзен медал на Светското првенство во мечување 2007, каде во полуфиналето со 15-4 бил поразен од сонародникот Петер Јопих.
Достигнувања Податотека:Med 2.png Европско првенство во мечување 2007, флорет Податотека:Med 3.png Светско првенство во мечување 2007, флорет
Клајбринк, Бенјамин Категорија:Родени во 1985 година