мини|десно|350п||
Скопскоцрногорски дијалект — дијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во групата на западни дијалекти од северното наречје. Дијалектот е сличен со вратничкиот дијалект, а негова главна одлика е зачестената употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење на меѓусамогласно в.
Територија Скопскоцрногорскиот дијалект се зборува во 20-тина села што се наоѓаат на полите и во подножjето на планината Скопска Црна Гора. Тука спаѓаат селата: Кучково, Орман, Волково (Вучи Дол), Ново Село, Бразда, Глуво, Чучер, Горњане, Бањане, Мирковци, Кучевиште, Побожје, Бродец, Љубанци, Љуботен, Раштак, Г. Оризаре, Радишани, Булачани, Црешево и Стајковци. Фонолошки одлики Старословенската носовка ѫ е заменета со у: пут, рука, зуп, мука... Старото самогласно л овде е заменето со групите у/лу/лă: куне, слăза... Непрегласено а на местото на самогласката е: трава. Вредност ă за секундарниот полуглас ъ: лаже – лăже Согласната група мн се употребува како мл: многу – млого. Непчаното ј пред е на почетокот на зборот: јазик – језик. Губење на в кога е во меѓусамогласна положба: главу, човек... Промена на местата на самогласките а и о во завршетоците кај лексемите татко и мајка: Кад сам бил мал, јас сам не слушал татка ми и мајко ми.Дијалектите на македонскиот јазик, Божидар Видоески, том 2, 1998, Скопје
Морфолошки одлики
Формата на личната заменка за прво лице е ја. Стариот предлог въ добил вредност у: у град. Наставка -мо кај глаголите во прво лице множина: украдимо, одимо, гледамо, видимо, јадемо... Продуктивно образување на минатите неопределени времиња. Глаголската форма се менува по истата самогласка што ја определува групата на глаголот во трето лице еднина кој се префрла и во прво лице, притоа додавајќи ја наставката -м: вика-викам, гледа-гледам, носи-носим, живи-живим, везе-везем, јаде-јадем... Помошниот глагол сум се јавува како сам. Множинска наставка -е кај именките од женски род со завршеток на а: жене, године... Наставка -ше за образување на имперфектот: мучеше, тепаше, јаваше, идеше. Акузативната заменска форма за машки род еднина е њега. Кратката акузативна заменска форма за машки род еднина е га. Предлогот со се реализира како сӑс.
Глаголи наставки за формирање на минато определено несвршено време (имперфект) се: -ше за 1, 2 и 3 л. едн. и -шемо за 1, -шете за 2 и -шеу за 3 л. мно.
викашеносешеберешевикашеносешеберешевикашеносешеберешевикашемоносешемоберешемовикашетеносешетеберешетевикашеуносешеуберешеу
Наводи
Надворешни врски Аудиоматеријал од говорот од с. Бродец, Скопска Црна Гора од збирката на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ
Категорија:Македонски дијалекти Категорија:Торлачки дијалекти