Македонска крвава свадба — македонски филм од 1967 година во жанрот драма, режиран од Трајче Попов, со Коле Ангеловски, Вера Чукиќ, Драгомир Фелба, Зафир Хаџиманов, Драги Костовски, Петре Прличко, Ристо Шишков, Јанез Врховец и Павле Вуисиќ во главните улоги. Филмот е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година.
Кратка содржина
Филмот ја раскажува приказната за девојката Цвета (Вера Чукиќ) која е грабната од страна на еден османски бег (Ристо Шишков) и потоа однесена на неговиот харем. Иако бегот се обидува да ја потурчи, нејзината упорност, како и нејзините соселани, предводени од саканикот Спасе (Зафир Хаџиманов) и месниот поп (Павле Вуисиќ), потпомогнати од дипломатите на големите сили на крајот успеваат да ја ослободат. На денот на нејзината свадба, доаѓаат бегот и неговите војници во обид да ја повратат девојката. Цвета умира, но Спасе успева да го убие бегот и потоа „заминува со комитите“.
Улоги ГлумецУлога Ристо Шишков Осман-бег Вера Чукиќ Цвета Зафир Хаџиманов Спасе Петре Прличко Мојсо Павле Вуисиќ Поп Дамјан Јенез Врховец Кузман Драгомир Фелба Орхан Коле Ангеловски Дука Драги Костовски Љупка Џундева Гина Вукосава Донева - Варколи Илија Милчин Валија Димитар Ќостаров Мица Орловиќ Конзул Димитар Гешоски Ацо Јовановски Вукан Диневски Киро Попов Цветанка Јакимовска Веска Вртева Стојка Цекова Вера Вучкова Кирил Ќортошев Мара Исаја Панче Васоски - Камџик Борис Бегинов Таше Кочовски Предраг Дишљенковиќ Чедо Камџијаш Томо Видов Борис Стефановски Ацо Стефановски Тодор Николовски Ристо Стефановски Димче Стефановски Антон Павлов Владимир Гравчев Кирчо Божиновски Ратка Чоревска Илија Џувалековски Зоја Пејовска
Награди 1968 - ФЈИФ во Пула, „Златна арена“ за сценографијата на Никица Лазаревски 1969 - „Златна плакета“ со ликот на Ленин по повод прикажувачкиот успех во СССР
Белешки
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 1967 година Категорија:Македонски филмови од 1960-тите Категорија:Македонски филмови за османлискиот период Категорија:Филмови на македонски јазик Категорија:Историски филмови Категорија:Филмови со Коле Ангеловски Категорија:Филмови на Трајче Попов Категорија:Филмови со Вера Чукиќ Категорија:Филмови со Драгомир Фелба Категорија:Филмови со Зафир Хаџиманов Категорија:Филмови со Драги Костовски Категорија:Филмови со Петре Прличко Категорија:Филмови со Ристо Шишков Категорија:Филмови со Јанез Врховец Категорија:Филмови со Павле Вуисиќ Категорија:Филмови со Илија Милчин Категорија:Филмови со Чедо Камџијаш Категорија:Филмови со Ристо Стефановски Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Македонија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Отоманското Царство Категорија:Филмови засновани на драми Категорија:Појавено во 1967 година во Македонија Категорија:Појавено во 1967 година во Југославија Категорија:Македонски филмови