Информбирото во Македонија оставило силен печат во периодот по Втората светска војна, од 1948 до 1953 година.
Во периодот 1948-1963 година, кога се водеше евиденција за приврзаниците на Информбирото, во Македонија беа регистрирани 2.662 лица. Од лицата кои биле уапсени, осудени од страна на редовните и воените судови или упатувани на општествено-корисна работа, 5,42% односно 883 лица биле Македонци.„Голооточка трилогија“, книга 2, 174-175 стр. во Димче Најчески „Голооточки сведоштва“, Скопје, 2002, книга втора, 218 стр. Помеѓу осомничените и уапсените имаше многу истакнати личности, членови на АСНОМ, борци од НОБ и учесници во Шпанската граѓанска војна. мини|Павел Шатев, еден од репресираните приврзаници на Резолуцијата на Информбирото Помеѓу лицата кои беа репресирани како приврзаници на Резолуцијата на Информбирото се: Панко Брашнаров Павел Шатев Венко Марковски Петре Пирузе Владимир Полежиновски Богоја Фотев Иван Точко Александар Алексиев Трајко Мишковски Иван Дојчинов Ѓоре Велкоски Наум Веслиевски - Овчарот Кемал Аголи Бане Андреев Мино Богданов Бојан Зафировски
Голем дел од поддржувачите на Резолуцијата на Информбирото беа затворени во логорот на Голи Оток.
Наводи
Литература Венко Марковски „Голи оток - остров на смртта: (гневник во писма)“, 1980 (на македонски: 2009). Димче Најчески „Голооточки сведоштва“ (три тома), Скопје, 1999, 2002, 2006. Александар Алексиев „Деветте круга на пеколот“, Скопје, 2000. Лазар М. Дракул „Уа, бандо!“, Скопје, 2001.
Надворешни врски Досие Голи Оток, „Утрински Весник“ „Над 1000 Македонци завршиле на робија на Голи оток“ , „Македонска нација“, 10 февруари 2016.
Категорија:Историја на Македонија (1944-1991) Категорија:Историја на Социјалистичка Република Македонија Категорија:Информбиро