Летните олимписки игри 1896 се одржале во Атина како први модерни олимписки игри. Игрите се одржале од 6 април (понеделник) до 15 април (среда).

За одржување на првите модерни олимписки игри било одлучено уште на првиот конгрес на Меѓународниот олимписки комитет, одржан во Париз на 23 јуни 1894 година. Конгресот го раководел барон Пјер де Кубертен, а било одлучено да се обноват античките олимписки игри, при што првите игри да се одржат во земјата-домаќин на античките, Грција.

Церемонијата на свеченото отворање се одржала на стадионот Панатинаикон, а за отворени игрите ги прогласил грчкиот крал Георги I. На игрите се натпреварувале 241 спортист од 14 земји во 9 спортови и во 43 дисциплини.

Најзначајно натпреварување за Грците била маратонската трка, во којашто победил грчкиот натпреварувач Спиридон Луис. Најуспешен натпреварувач на игрите бил германскиот борач и гимнастичар Карл Шуман, кој освоил 4 златни медали.

Распоред на натпревари

 ЦО Церемонија на отворање  ● Натрепавари 1 Финални натпревари ЦЗ Церемонија на затворање

Април 18966.Пон7.Вто8.Сре9.Чет10.Пет11.Саб12.Нед13.Пон14.Вто15.СреНатпревариЦО ЦЗ Атлетика |style="background:silver;"|2 |style="background:silver;"|4 | |style="background:silver;"|1 |style="background:silver;"|5

|12Велосипедизам|

|style="background:silver;"|1

|6 | | |style="background:silver;"|1

|style="background:silver;"|3 | |style="background:silver;"|1 | | Мечување | |style="background:silver;"|2 | |style="background:silver;"|1

|3 Гимнастика

|style="background:silver;"|6 |style="background:silver;"|2

|8 Стрелаштво

|style="background:#39f;"|●  |style="background:silver;"|1 |style="background:silver;"|1 |style="background:silver;"|2 |style="background:silver;"|1

|5 Пливање

|style="background:silver;"|4

|4 Тенис

|style="background:#39f;"|●  |style="background:#39f;"|●  |style="background:#39f;"|●  |style="background:silver;"|2

|2 Кревање тегови | |style="background:silver;"|2

|2 Борење

|style="background:#39f;"|●  |style="background:silver;"|1

|1Дневни финални натпревари 2 8 1 9 8 12 2 1 0 0 43Кумулативно 2 10 11 20 28 40 42 43 43 43Април 18966.Пон7.Вто8.Сре9.Чет10.Пет11.Саб12.Саб13.Пон14.Вто15.СреВкупно натпревари

Забелешка: На победниците им беа доделени сребрени медали, на второпласираните бронзени медали, додека за освоеното трето место во ниту една дисциплина не беа доделени награди.

Земји-учеснички мини|десни|240п|Земјите-учеснички прикажани на карта на светот Концептот на државни репрезентации не играл голема улога во Олимпиското движење, сè до Меѓуигрите 10 години подоцна, иако во многу извори се наведува националноста на натпреварувачите во 1896, како и список на земји по бројот на освоени медали. Меѓународниот олимписки комитет дава бројка од 14 земји-учеснички, но не наведува кои биле тие земји.Athens 1896 – Games of the I Olympiad, Меѓународен олимписки комитет. најверојатно, овие 14 се оние коишто биле признаени од страна на МОК. Во некои извори се споменуваат 12, исклучувајќи ги Чиле и Бугарија; во други се наведуваат 13, вклучувајќи ги претходните две, но исклучувајќи ја Италија. Египет, исто така, понекогаш се вклучува поради учеството на Дионисиос Касдаглис. Белгија и Русија пријавиле свои натпреварувачи, но се откажале. Австралија (1) – поради австралиската борба за независност од Велика Британија, резултатите на Теди Флек се сметаат за австралиски; Австрија (3) – Австрија била дел од Австроунгарија, но резултатите на австриските спортисти се сметаат за австриски; Бугарија (1) – Бугарскиот олимписки комитет го пријавил швајцарскиот гимнастичар Шарл Шампо, кој во тоа време живеел во Бугарија, како бугарски натпреварувач.Athens 1896 , Бугарски олимписки комитет. Сепак, некои извори го наведуваат Шампо како Швајцарец.De Wael, KONRAD Gymnastics 1896 Велика Британија (10) – во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска историски имало различни спортски организации од земјите коишто го составувале. Голем исклучок во врска со ова се Олимписките игри, на којшто земјата настапува како еден учесник. Меѓутоа, во употреба е спорното име „Велика Британија“ наместо вообичаената кратенка „Обединетото Кралство“. Германија (19) Грција (169) – грчките резултати на игрите ги вклучуваат и резултатите на натпреварувачите од Кипар, Смирна и Египет.Gillmeister (1998), 364. Некои извори ги наведуваат резултатите на Кипар одвоено, иако многумина ги сметаат резултатите на кипарскиот Грк Анастасиос Андреу како грчки. Дионисиос Касдаглис, кој бил од Александрија и имал грчко потекло, се споменува како Грк во неговиот поеднечен настап во тенис, додека неговиот настап со грчкиот тенисер Деметриос Петрококинос во двојки се наведува како настап на мешовит тим.Athens 1896–Medal Table, Меѓународен олимписки комитет. Данска (3) Италија (1) - најпознатиот италијански натпреварувач на игрите, Карло Аиролди, се сметал за професионалец и бил исклучен од игрите. Сепак, на игрите се натпреварувал италијански стрелач наведен едноставно со името Ривабела.De Wael, Shooting 1896 САД (14) Унгарија (7) – Унгарија се натпреварувала одвоено од Австрија. Во резултатите на Унгарија биле вклучени и резултатите на натпреварувачите од Војводина. Франција (13) Чиле (1) – Чилеанскиот олимписки комитет тврди дека имал само еден спортист, Луис Суберкасуикс, којшто се натпреварувал во атлетика, во трките на 100, 400 и 800 метри.Guttmann (1994), 128; La Presencia de Chile en los Juegos Olimpicos, Olympic Committee of Chile; McGehee (2000), 107. Не се даваат дополнителни податоци во врска со Суберкасуикс, дури ни во официјалниот извештај. Швајцарија (3) Шведска (1)

Женска конкуренција На жени не им било дозволено учество на Летните олимписки игри 1896. Сепак, жена по име Стамата Ревити, мајка на 17-месечно дете, ја истрчала маратонската трка на 11 април, ден по одржувањето на официјалната трка. Но и покрај тоа што не и било дозволено да настапи на игрите, таа имала сведоци за да може да го потврди постигнатото време од 5 часа и 30 минути. Ревити настојувала да го поднесе овој резултат до Грчкиот олимписки комитет, надевајќи се дека нејзиното остварување ќе биде признаено. До денес не се пронајдени ниту нејзините извештаи, ниту пак документи од страна на Комитет како поткрепа на нејзиното достигнување.Martin–Gynn (2000), 22.

Освојувачи на медали

1 11 7 2 20 2 20п Грција 10 17 19 46 3 20п Германија 6 5 2 13 4 5 4 2 11 5 2 3 2 7 6 20п Унгарија 2 1 3 6 7 20п Австрија 2 1 2 5 8 20п Австралија 2 0 0 2 9 1 2 3 6 10 1 2 0 3

Белешки Овој број, даден од страна на Меѓународниот олимписки комитет, сепак е предмет на различно толкување и бројот се движи во интервал од 10 до 15 земји-учеснички. Во тоа време, постоењето на државни репрезентации било реткост и многу спортисти се претставувале себеси или своите клубови. Освен тоа, земјите не биле дефинирани како што се денес. Бројот кој се наведува овде е оној којшто се споменува во најголем број на современи извори. Овој број на натпреварувачи потекнува од Меѓународниот олимписки комитет. Познато е дека се споменува и број кој се движи од 179 до најмногу 252 натпреварувачи. Во тоа време, Кипар бил протекторат на Обединетото Кралство.

Наводи