Меѓународен олимписки комитет (МОК) (, ) — организација со седиште во Лозана, Швајцарија основана од Пјер де Кубертен во 1894 г., со цел преку Олимписките игри да се промовира меѓународниот спорт и мирот во светот. Денес МОК има 205 членки - национални олимписки комитети кои ги претставуваат своите земји во Движењето.

мини|лево|Седиштето на МОК во Лозана, Швајцарија, во март 2004 година

МОК ги организира модерните Олимписките игри во лето и во зима, на секои четири години. Првите Летни олимписки игри се одржале во Атина во 1896 г., а првите Зимски олимписки игри се одржале во Шамони во 1924 г. Од 1992 г., летните и зимските игри се одржуваат наизменично на 2 години.

Поврзано Национален олимписки комитет Македонски олимписки комитет Список на државни кодови на МОК

Категорија:Олимписки игри Категорија:Спортски организации Категорија:Меѓународни спортски организации