300px|thumb|right|Предна страна од македонската лична карта 300px|thumb|right|Задна страна од македонската лична карта 300px|thumb|right|Изглед на поранешната македонска лична карта Личната карта е лична исправа во Република Македонија со која се докажува идентитетот, државјанството, живеалиштето и адресата на граѓанинот на државата. Документот го издава Министерството за внатрешни работи (МВР). Секој граѓанин со наполнети 18 години возраст е должен да има лична карта. Лична карта може да му се издаде на граѓанинот со наполнети 15 години живот по лично барање, по претходна согласност од родителите, законскиот застапник или старателот.
Изглед По изглед, македонската лична карта личи на кредитна картичка, со тоа што е пластична и правоаголна. Одлево стои фотографија на сопственикот. На горниот раб стои името Република Македонија на два јазика, македонски (кирилица) и англиски (латиница). Под тоа, со големи букви стои натписот „Лична карта“, исто така на двата јазика. На картата се прикажани и знамето и грбот на државата.
Печатени податоци Описот на секое поле стои на македонски и англиски. Предна страна: Презиме Име Државјанство Пол Датум на раѓање Број на лична карта Датум на издавање Важи до Потпис Задна страна: Место на раѓање Живеалиште и адреса Издадена од Машински читливи податоци
Историја Кон крајот на 18 и почеток на 20 век , кога Македонија била дел од Отоманското Царство, жителите морале да поседуваат отоманска лична карта. Таквата карта била позната како nüfus tezkeresi (на османски турски јазик),Chris Gratien, Ottoman Identity Card; includes images of the cards или нофуз (на македонски јазик). За важноста на овие карти зборува на пример барањето на Крсте Мисирков да се впише „Македонци“ внаместо Македонски Словени..
Поврзано Македонски пасош Македонска возачка дозвола Македонска патна исправа
Надворешни врски Издавање на лична карта Што е лична карта? Барање за лична карта
Наводи
Категорија:Лични исправи