thumb|right|350px|Карта на Фолкландските острови. Фолкландските Острови, познати и како Малвинските Острови или Фолклендски Острови, сочинуваат архипелаг во Атлантскиот Океан, кој се наоѓа на околу 480 км од брегот на Јужна Америка, 1 100 км од брегот на Антарктикот и 6 100 км од брегот на Африка. Архипелагот се состои од поголемите острови Источен Фолкланд, Западен Фолкланд и 776 помали островчиња.

Моментално островите се под британска управа и сочинуваат автономна територија на Обединетото Кралство. Главниот град Стенли се наоѓа на Источен фолкланд. По новото воспоставување под британска власт во 1833, исто така и Аргентина сакала да ја воспостави својата власт врз островите. Аргентина воспоставила своја власт на островите во 1982. Ова ги вовлекло Аргентина и Велика Британија во необјвена војна, наречена Фолкландска војна, која на крајот завршила со пораз и повлекување на Аргентина. По војната имало силен економски раст во риболовот и туризмот.

Потекло на поимот

Фолкландските Острови своето англиско име го добиле од „Фолкландскиот мореуз“, односно каналот кој се наоѓа помеѓу двата големи острови. Ова име го избрал морепловецот Џон Стронг во 1960 година, во чест на својот покровител, Антони Кери, 5 фолкландски виконт, но подоцна било проширено за целата група острови. Шпанското име, Малвински Острови, потекнува од француското име „Ил Малуин“ (Îles Malouines) - име кое го дал Луи Антуан од Бугенвил во 1764, во чест на првите познати доселеници, морепловци и рибари од пристаништето Сен-Мало во Франција. ISO одредницата за Фолкландските острови (Малвински) како и ISO кодот за земјата е FK. Во македонскиот јазик англиското име е навлезено преку англискиот јазик, а шпанското преку шпанскиот јазик, но најчесто се користи англиската верзија на името.

Историја Островите не биле населени сè до нивното откривање од страна на европските истражувачи, но има доказ дека можеби Патагонските индијанци пристигнале на островите со кануа. Артефакти, вклучувајќи ги и стрелите и остатоците од кануата, биле пронајдени на островите. Исто така се забалежува и присуството на Фолкландската лисица или Вара (денес истребена), за која се мисли дека пристигнала на островите преку копнен мост кога нивото на морето било ниско, односно за време на последното ледено време. Група на острови во регионот на Фолкландските острови се појавила на картите раниот 16 век, со што е можно Фердинанд Магелан или некоја друга експедиција да ги открила во 1500-те години. Можно е Америго Веспучи да ги забележал островите во 1502 година, но не ги имаенувал. Во 1519 година или 1520 година, Естебан Гомес, капетан во експедицијата на Магелан, забележал неколку острови. Членови на екипажот ги нарекле „Islas de Sansón y de los Patos“, односно „Острови од Самсон и Патките“. Овие острови веројатно биле островите Џејсон, северозапад од Западен фолкланд, па така во овој период на шпанските карти биле користени имињата „Islas de Sansón“ (или „San Antón“, „San Son“ и „Ascensión“). Пири Реис, турски адмирал кој на времето цртал неверојатно прецизни карти, исто така прикажал острови кои би можеле да бидат Фолкландските острови. Островите се појавуваат на безброј шпански и други карти започнувајѓи од 1520 година. Англискиот истражувач Џон Дејвис, капетан на бродот Дизаер (Desire), еден од бродовите кои му припаѓале на Томас Кевендиш кој по вторпат го истражувал „Новиот Свет“, е забележано дека ги има посетено островите во 1592 година. Тој бил разделен од Кевендиш од брегот, кој денес е јужна Аргентина, од силна бура и ги открил островите. Некое време островите биле познати како „Дејвис острови“. Во 1594 година англискиот капетан Ричард Хокинс ги посетил островите. Го комбинирал своето име со тоа на кралицата Елизабета I („Virgin Queen“), и ги нарекол „Hawkins' Maidenland“ („Родната земја на Хокинс“). Многу верувале дека холанѓанецот Себалд де Веерт ги открил островите во 1600 година. Во јануари 1690 година, англискиот капетан на бродот Велфер, Џон Стронг, се упатил кон Пуерто Десеадо (денес во Аргентина). Отфрлен од ветрови со спротивен правец, стигнал до островите Себалд и се укотвил на Болд Коув. Испловил меѓу двата големи острови и преминот го нарекол „Фолкланд канал“ (денес „Фолкланд саунд“), по Антони Ќери, 5-от фолкландски виконт, кој како комисионер на министерството на воената морнарица ја финансирал експедицијата (Ќери подоцна станал прв Лорд на министерсвото). Групата острови подоцна го добила своето име од овој канал. Првото населување на Фолкландските острови било во 1764 година. Било наречено Порт Сент Луи и било наречено според францускиот морепловец и воен командант Луј Антоан од Буженвиј на Беркенли Саунд, денес Порт-Луи, источен Фолкланд. Во јануари 1765 година, британскиот капетан Џон Бајрон, несвесен за француското присуство, ги истражил и утврдил Сондерс острови, на западниот крај од групата острови, каде пристаништето го нарекол Порт Егмонт. Пловел и покрај други острови, кои исто така ги утврдил за кралот Џорџ III. Британска колонија била изградена во ПОрт Егмонт во 1766 година. Исто во 1766 година Шпанија се стекнала со француската колонија и по преземањето во делотворна контрола во 1767 година, ги постави островите под владино потчинето лице на колонијалната администрација во Буенос Аирес. Шпанија го нападнала Порт Егмонт во 1770 година со што завршило британското присуство. Исфрлањето на британските населеници ги донесе двете земји на работ на војна, но со мировен договор во 1771 година им се овозможи на британците да се вратат во Порт егмонт каде ниедна страна не се откажа од врховната власт.

thumb|Истребената Фолкландска лисица Варах беше единствениот цицач пронајдена на островот по доаѓањето на европејците

Како резултат на економскиот притисок резултиран од американската револуционерна војна која што надоаѓаше, Велика Британија реши еднострано да се повлече многуте нејзини прекуморски колонии, вклучувајќи го и Порт егмонт во 1774 година. По нејзиното повлекување Велика Британија во 1776 година остави плаќета на која ги изразува своите барања. Од 1776 година до 1811 година, Шпанија поддржуваше колонија управувана од Буенос Аирес како дел од вицекралството на Рио де плата. Кога Шпанија го напушти островот во 1811 година, исто така остави плаќета во која ги изразува своите барања. На 6 ноември 1820 година, полковникот Дејвид Џует го постави знамето на Обединетите провинции на реката Плата (Аргентина) во Порт Луи. Џует бил американски морепловец и гусар во службата во Буенос Аирес, стопанственикот Патрик Линч за капитен на бродот, фрегата Хероина (Линч имал лиценца за пловење од главниот директор во Буенос Аирес Хосе Рондо). Џует испловил за островите претходниот месец, по што следеле осум месеци катастрофално патување со поголемиот дел од екипажот неспособен за работа од скорбут и болест. По одморот на островите и поправката на бродот, тој се вратил во Буеанос Аирес. Во 1828 година аргентинците поставиле населба односно колонија. Воените бродови на САД во 1831 година ја уништиле оваа населба по освојувањето на американските бродови за фоколов од страна на аргентинскиот гувернер на островот Луиз Вернет. Избегани затвореници и пирати биле оставени. Во ноември 1832 година, Аргентина испрати уште еден гувернер на островите кој беше убиен во бунт.

thumb|Џон Бајрон, од Џошуа Рејнолдс, 1759 година

Во јануари 1833 година, британските сили се вратиле и го информирале аргентискиот командант дека имаат намера да ја повратат британската власт на островот. На тамошните населеници им било дозволено да останат, на чело со ирскиот член на населбата на Вернет, Вилијам Диксон. Заменикот на Вернет, Метју Бризбен, се вратил подоцна истата година и бил информиран дека британците немале никакви забелешки за продложувањето на вернетовите бизниси за кои немало никакви британски контроли. Кралската морнарица изградила база кај Стенли и островите станале важно стратешко место за навигација околу ’Ртот рог. Битка меѓу бродови од првата светска војна, наречена „Битката од Фолкландските острови“, се случила во декември 1914 година со победа на британците над помалата германско-азиска имеријална посада. За време на втората светска војна, Стенли служел како седиште на кралската морнарица и се сервисирале бродовите кои војувале во „Битката на реката Плата“, во 1939 година. Врховната власт над островите повторно стана спорно во последната половина на 20-иот век. Во потрага на своето барање за власт над островите, со создавањето на Обединетите нации виде прилика за презентирање на своите барање пред целиот свет. Во 1945 година, по потпишувањето на повелбата на ОН, Аргентина изјави дека заслужува да има право на власт над островите, исто како и право да си ги поврати.Велика Британија одговори назад со изјава дека како главен предуслов за исполнување на резолуцијата на ОН 1514 (XV) во поглед на повторната колонизација на сите територии под странска окупација, жителите на Фолкландските острови првин треба да гласаат на референдум за британското повлекување. Разговори помеѓу британските и аргентинските странски мисии се сличиле во 60-тите години на минатиот век, но не успеале да дојдат до некој значаен заклучок. Голема непоместлива точка во сите преговарања биле двете илјади населеници, повеќето од британско потекло, кои сакале островите да останат британска територија.

right|thumb|Знак до Стенли, главниот град на Фолкландските острови,

Сепак од овие разговори излезе една добра работа. Првата авионска линија на островот. Во 1971 година, аргентинските воздушни сили (FAA), кои ја управуваат државната компанија ЛАДЕ (LADE), започнаа водоземни летови помеѓу Комодоро Ривадавија и Стенли користејќи авион од типот Груман ХУ-16 Албатрос (Grumman HU-16 Albatross). Следната година Британија и дозволи на Аргентина да изгради привремена писта, која беше завршена до ноември. Продолжија летовите помеѓу Стенли и Комодоро Ривадавиа двапати неделно користејќи Фокер Ф27 (Fokker F27) и потоа Фокер Ф28 (Fokker F28) по што следело и градењето на трајната воздушна писта до 1982 година. За време на истиот период, ЈПФ (YPF), аргентинската државна нафтена и гасна компанија, сега дел од Репсол ЈПФ (Repsol YPF), ги снабдувала енергетските потреби на островот.

Фолкландската војна

300px|thumb|left|Британски паратрупи ги надгледуваат аргентинските воени заробеници

На 2 април 1982 година, Аргентина ги нападнала Фолкландскте острови како и други британски територии во јужниот атлантик (Јужна Џорџија и Јужните Сендвич острови). Воената хунта, која што владеела со Аргентина од 1976 година,барала начин за задржување на власта со пренасочување на јавното внимание од слабата економија и искористувањето на огромните чувства на аргентинците кон островите. Исто така неколку британски писатели запишале дека намалувањето на војската на Велика Британија во јужниот атлантик ја охрабрила инвазијата. Советот за безбедност на Обединетите нации издал резолуција 502, повикувајќи ја Аргентина да ги повлече своите сили од островите и за двете страни да побара дипломатско решение. Меѓународни реакции се нижеле, од поддршка за Аргентина и Латинска Америка (со исклучок на Чиле и Колумбија), до опозиција во Државната заедница и Европа (на страна од Шпанија) и најпосле САД. Британците испратиле експедициски сили за да го преземат островот, што довело до фолкландската војна. По кратките но силни морски и воздушни битки, на 21 мај, британците пристигнале на Сан Карлос Вотер по што следела земјена битка сè додека аргентинските сили не се предале на 14 јуни 1982 година. Во војната загинале 655 аргентински и 255 британски војници. По војната, британците го зголемиле нивното воено присуство на островите, созадавјќи го РАФ Маунт Плезант и го зголемиле воениот гарнизон. Иако Велика Британија и Аргентина ги продолжија дипломатските односи во 1992 година, понатамошни преговарања за врховната власт не се случија.

Политика