На прагот на животот (шведски: Nära livet), познат и како „Толку блиску до животот“ (во Обединетото Кралство), е шведски филм од 1958 година, во режија на Ингмар Бергман. Главните улоги ги толкуваат Ева Далбек (Eva Dahlbeck), Ингрид Тулин (Ingrid Thulin) и Биби Андерсон (Bibi Andersson).
Синопсис
Филмот претставува суптилен есеј за мајчинството. Сесилија, Стина и Хједрис се сместени во иста болничка соба во акушерска клиника. Сесилија има спонтан абортус, а Стина раѓа мртвороденче. Хједрис носи вонбрачно дете кое сака да го абортира, но по наговор на своите цимерки од болничката соба, се одлучува да го задржи бебето.
Категорија:Шведски филмови Категорија:Филмови на шведски јазик Категорија:Филмови од 1958 година Категорија:Филмови на Ингмар Бергман Категорија:Филмови со Ева Далбек Категорија:Филмови со Ингрид Тулин Категорија:Филмови со Биби Андерсон