Кримчачки јазик (кърымчах тыльы) — јазик што се зборува во Крим од народот Кримчаци. Често јазикот се смета како дијалект на кримскотатарски јазик. Исто така јазикот понекогаш се нарекува јудејски кримско-татарски јазик. Јазикот има многу зборови од хебрејско потекло и пред советската ера, јазикот се пишувал со хебрејска азбука. Денес јазикот се пишува со кирилица.

Категорија:Туркиски јазици Категорија:Еврејски јазици Категорија:Кипчачки јазици Категорија:Аглутинативни јазици Категорија:Јазици во Украина