Тилда (~), разговорно наречена бран — графема со неколку намени. Името на знакот доаѓа од шпански, а изворно од латинското titulus, со значење „натпис“ или „наслов“. Првично се пишувала над буквите како знак за кратенка (абревијатура), но оттогаш има добиено и други намени како дијакритички знак, во математика, програмирање, итн.
Овој знак се користи и во речнички статии. Тој заменува збор што се повторува. Пред и зад тилдата се остава белина.
Наводи
Категорија:Дијакритички знаци Категорија:Интерпункција Категорија:Типографија Категорија:Типографски знаци Категорија:Математички знаци