УАЗ Патриот е средноголем џип од руската марка УАЗ, подружница на Севстрал-Авто. Почнал да се произведува во 2005. Продажбата во Русија е добра заради употреба на делови од други производители, големиот капацитет, добри теренски способности и прифатлива цена (<€9,650). Во 2007 биле продадени 12,011 возила.УАЗ стабилно расте

Технички одлики

Погонска распределба: 4x4 Број на седишта: 5(9*) Димензии, mm: 4647x2080x1900/2000 (со покривни рамови) Растојание од пат, mm: 210 Опремена тежина, kg: 2070 Полна тежина, kg: 2670 Носивост, kg: 800 Макс. брзина, км/ч: 150 Потрошувачка, при 90 км/ч; литри на 100 км: 14,0/10,4/13,2(градски /вонградски/ мешано) Мотор: ZMZ-409.10 Гориво: Бензин A-92 Работна зафатнина во литри: 2,693 Макс. моќ, kW (коњски сили)/вртежи во мин.: 94,1(128)/4400 Макс. момент на сила, N·m(kgf·m)/вртежи во мин.: 217,6(22,2)/2500 Пренос: Механички, 5-степен Менувач: 2-степен (I-1, II-1,94) Предни кочници: диск, вентилирани, со два цилиндра, со лебдечки стегачи Задни кочници: барабански, со еден цилиндар, со автоматско прилагодување на просторот помеѓу поставата и барабанот Гуми: 225/75R16, 245/70R16

Наводи

Категорија:Џипови Категорија:Руски автомобили